Светски ден на водата: Рашче е на второто место во Европа
Објавено во: Мои пари 22 Март, 2021 10:42
Основната дејност на ЈП Водовод и канализација –
Скопје е обезбедување на чиста и здрава вода за пиење,
нејзина дистрибуција до секој корисник,
како и одведување и третман на урбаните отпадни води.
Оваа година Светскиот Ден на водатае посветен на поткревање на свеста за глобалната светска криза за вода, значењето на водата за човештвото и како можеме да ја заштитиме.
Во таа насока ЈП Водовод и канализација – Скопје повеќе од 100 години ги вложува своите капацитети и ресурси и овозможува услови за водоснабдување на градот Скопје со питка и квалитетна вода од изворот Рашче. Денес над 1200 вработени во ЈП Водовод и канализација – Скопје, предводени од тим на професионалци во својата област, се грижат за одржувањето на изворот Рашче, неговата заштита, проверката и потврдата на квалитетот на водата, приемот на водата во системот, нејзината безбедна дистрибуција до крајните корисници како и за третманот на отпадните води.
„Имајќи го предвид фактот дека водата е извор на животот, а ние имаме и користиме вода од природен извор, што е навистина реткост во Европа и светот, вложувањата на ЈП Водовод и канализација – Скопје се во насока на унапредување на работните процеси, стандардизацијата, модернизацијата и заштитата на водата и на животната средина во чекор со најновите европски и светски директиви кои обезбедуваат одржлив развој, сигурност, безбедност и можности за задоволување на потребите на корисниците и градот Скопје. Во насока на непречен развој на градот во иднина направени се и се прават истражувања за потенцијалните извори на водоснабдување што претставува голем чекор напред во однос на заштитата на изворот Рашче како и обезбедување на неговата одржливот“ – посочи Душко Весковски, генерален директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје, додавајќи дека за претпријатието секој ден е Светски ден на водата.
„Водата од изворот Рашче е природна, квалитетна и по својот состав и минерологијата, не само што е на второ место во Европа, туку е и од витално значење за здравјето на граѓаните и нивниот квалитет на живот. Нашиот високо-стручен тим во Секторот за санитарна контрола, го гарантира квалитетот и исправноста на водата за пиење од изворот Рашче. Истиот се потврдува преку испитувањата кои секојдневно се изведуваат во хемиската и микробилошката лабораторија кои се единствени акредитирани и сертифицирани лаборатории за изведување на таков тип на испитувања во нашата држава и чии резултати и постигнувања се потврдени од институции на европско и светско ниво“ – вели Билјана Петровска, раководителка на Секторот за санитарна контрола, при ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Во прилог Ви доставуваме и линк од видео во знак на одбележување на Светскиот Ден на водата https://youtu.be/FB2mNzY8Iyg .
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




