Светски искуства за општествена одговорност ќе бидат споделени кај нас
Објавено во: Мои пари 24 Март, 2015 15:31
Согледувањето на состојбата укажува дека бизнис секторот во Македонија покажува се поголем интерес за општествена одговорност и филантропија. Истражувањата покажуваат дека повеќе од половина од компаниите донираат во текот на годината. Бизнис секторот во Македонија во 2013 издвоил повеќе од 10 и пол милиони евра за донации и спонзорства. Тоа што недостасува е стратешки приод на бизнис секторот за општествена одговорност и за соработка со граѓанските организации во градењето на позитивни општествени промени.
Размената на искуства и следењето на добрите практики е неопходно за развивање на проекти во областа на општествената одговорност. Со цел да се поттикнат македонските компании поинтензивно и сеопфатно да размислуваат за вклучување на општествена одговорност во своите стратегии, на покана на здружението Конект, а со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави, во Скопје доаѓа една од водечките експертки во областа на општествената одговорност, г-а Лиса Мекилвена, заменик директор на „Business in the Community“ од Северна Ирска.
За време на нејзиниот престој таа ќе се сретне со претставници на граѓанскиот сектор, бизнис секторот и нивните комори, студенти и млади. Како што велат од Конект, од посебно значење е работилницата за претставници на бизнис секторот што ќе се одржи на 31 март во соработка со Американската стопанска комора на тема „Подготовка на ООП проекти и нивно менаџирање“. Пошироката јавност е повикана на презентација за општествена одговорност што ќе се одржи на 1 април 2015 во Американското катче во Скопје од 16 до 17 часот. Граѓанските организации и бизнисите ќе добијат практични совети за како да постапат во развивањето на ООП проекти и практики за прибирање на ресурси од бизнис секторот.
Бизнисите се составен дел од општеството и неизбежно влијаат на него на позитивен и негативен начин. Експертите велат дека вклучувањето на општествено одговорни практики во секојдневното функционирање не е ништо друго туку начин на водење бизнис. Директно е поврзано со одржливиот развој и затоа општествената одговорност треба да биде стратешки интегрирана целосно во бизнис процесот на компанијата. Нашата цел е македонските компании да се стремат кон градење на постратешки приод градејќи партнерства со организации што поседуваат експертиза во областа на ООП и со граѓанскиот сектор- додава Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници
Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!
Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?




