Светските берзи пораснаа и покрај натамошното зголемување на каматните стапки
Објавено во: Финансии 19 Јуни, 2023
На светските берзи минатата недела цените на акциите пораснаа бидејќи инвеститорите се надеваат дека завршува циклусот на зголемување на каматните стапки, иако централните банки велат дека тие треба дополнително да се зголемат поради се уште високата инфлација.
На Волстрит, Dow Jones минатата недела зајакна 1,2 отсто, на 34.299 поени, додека S&P 500 порасна за 2,6 отсто, на 4.409 поени, а индексот Nasdaq порасна за 3,25 отсто, на 13.689 поени.
Во фокусот на инвеститорите минатата недела беше средбата на челниците на американската централна банка, кои во средата одлучија да ги задржат каматните стапки непроменети, во опсег од 5 до 5,25 отсто.
Откако ФЕД ги зголеми каматните стапки на 10 последователни сесии, ова е првпат да ги остави непроменети, бидејќи лидерите на централните банки гледаат како претходните зголемувања на каматните стапки ќе се одразат на економијата и инфлацијата.
Сепак, прогнозите на првиот човек на централната банка покажуваат дека до крајот на годината очекуваат уште најмалку две зголемувања на каматните стапки и тоа во опсег од 5,50 до 5,75 отсто.
S&P 500 и Nasdaq се искачија на своите највисоки нивоа во последните 14 месеци благодарение на серијата податоци -- намалувањето на инфлаторните притисоци, растечката трговија на мало, стагнантните барања за невработени и остриот пад на цените на увозот -- кои ги поттикнаа шпекулациите дека ФЕД нема да ги зголеми каматните стапки до нивоата што нејзините лидери ги очекуваат.
„По податоците кои покажуваат намалување на инфлациските притисоци и еластична економија, цените на акциите се зголемија, а приносите на обврзниците паднаа бидејќи инвеститорите не веруваат дека ФЕД ќе биде толку агресивен како што се обидува да покаже. Со други зборови, пазарот не верува дека ФЕД ќе ги зголеми каматните стапки уште два пати оваа година“, вели Рос Мејфилд, стратег во Baird.
На пазарот на пари, сега се проценува дека има околу 67 проценти шанси ФЕД да ги зголеми каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во јули, а дека може да започне со намалување на цената на парите во декември.
Благодарение на растот на цените на акциите на технолошките гиганти, подобрата од очекуваната корпоративна заработка и надежите на инвеститорите дека централната банка на САД се приближува кон крајот на затегнувањето на монетарната политика, S&P 500 порасна за повеќе од 20 отсто од октомври, кога падна на најниско ниво во изминатата година.година.
Цените на акциите минатата недела пораснаа и на европските берзи, иако Европската централна банка дополнително ги зголеми каматните стапки за 0,25 процентни поени и најави барем уште едно зголемување на цената на парите.
Лондонски FTSE зајакна 1,1 отсто, на 7.642 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 2,55 отсто, на 16.357 поени, а париски CAC зајакна 2,4 отсто, на 7.388 поени.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.