14 Декември, 2025
0.0508

СВР СКОПЈЕ: Maлолетниците искршиле дел од инвентарот и се повредиле

Објавено во: Македонија 13 Јули, 2024 19:31

Добивај вести на Viber

Полицијата попладнево информираше дека целосно е расчистен случајот со четирите малолетници од кои две во бесознание беа пронајдени во куќа на 40-годишник и однесени на Клиниката за токсикологија.

Според информациите на СВР Скопје, веднаш се преземени голем број на оперативно тактички мерки и дејствија, со цел расветлување на настанот и утврдување на точната фактичка состојба.

„Од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење“, се наведува во соопштението од СВР Скопје.

Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта во четвртокот пристигнале во куќата во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а која е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.

„Во текот на вечерта, малолетните лица консумирале поголема количина на алкохолни пијалоци, а во еден момент, од страна на Д. Ѓ. на четирите малолетни лица им било понудено и овозможено консумирање на одредени медикаменти. Со тоа, малолетните лица се довеле до полусвесна состојба, со неконтролирано однесување, при што искршиле дел од инвентар во дневната соба во која престојувале и при тоа се здобиле со повреди“, информираат од СВР Скопје.

Д. Ѓ. е лишен од слобода и со него е извршен разговор при што тој ги потврди исказите од малолетните лица. Против Д. Ѓ. е поднесена кривична пријава во брза постапка за  кривично дело „тешки дела против здравјето на  луѓето“ по чл. 217 ст. 1, а во врска со кривично дело „производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст. 1 од КЗ. Осомничениот е изведен пред Судија на претходна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Контрола во угостителски објекти во Куманово, затекнати малолетници после 24:00 часот

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

Од 9 часот не работи радарот за контрола, полетувањата и слетувањата ќе доцнат по час и половина

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

„Сејф сити“ го „закочи“ Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово