18 Декември, 2025
0.0759

СВРТЕНИ КОН ГЕРМАНИЈА: Постари Македонци вонредно учат медицина за да се иселат

Објавено во: Економија 09 Мај, 2019 06:54

Добивај вести на Viber

Во Македонија луѓе постари од 30 години вонредно се школуваат за медицински сестри, со цел еден ден да ја напуштат државата и да заминат во Западна Европа.

Оваа информација ја потврдуваат од медицинските училишта во земјава. Велат дека последниве години оваа појава зема замав, и интересот за доквалификација или преквалификација расте.

„Ние секоја година имаме по 5-6 кандидати кои вонредно учат, се доквалификуваат или преквалификуваат. Има мажи и жени, тука застапеноста е 50-50%. Целта им е на дел од нив тука да напредуваат, или да излезат надвор. Земји каде сакаат да работат се Германија, Швајцарија, ја споменуваат и Австрија“- велaт од „Никола Штајн“ од Тетово.

Од Средно училиште на Град Скопје „Д-Р Панче Караѓозов” велат дека имаат 180 вонредни ученици, од кои 70% се луѓе на возраст околу 30 години.

Од „Наце Буѓони“ во Куманово велат дека оваа година 80 Македонци се запишале вонредно да учат медицина, додека на албански јазик се запишале 148 луѓе. Ги има од различни возрасни групи, од 25 до 50 години.

„Интересот е голем последните 5-6 години за учење медицина. Повеќето сакаат да одат во Германија за да работат, но таа информација е неофицијална“, вели директорот Драган Јаневски.

Oд битолското средно училиште „Јован Калаузи“ објаснуваат дека сега имаат дваесетина луѓе кои вонредно учат медицина, но додаваат дека кај нив отсекогаш имало возрасни кои се преквалификуваат, и оваа појава не ја поврзуваат со иселување. Велат дека имаат и вонредни ученици кои завршиле факултет, но имаат желба да се доквалификуваат. Според нив, луѓето сакаат со стекнатото знаење да си помогнат доколку имаат свој бизнис. 

„Дипломиран информатичар сум, но ете да речеме со дополнително образование би имала поголеми шанси надвор од државата. Годинава решив да се запишам затоа што медицината ме привлекува, а одењето на пракса ме исполнува“, рече Цеце Крумова.

Луѓето со завршено медицинско образование раскажуваат дека економската ситуација си го прави своето, и доколку овде нема работа, ќе си ја пробаат среќата во странство.

Германија има потреба од 17.000 медицински сестри и истите ќе ги „увезе“ од други земји.

Регуларно и за цело работно време вработени, медицински сестри и техничари заработуваат околу 3.000 евра бруто месечно, а оние кои се вработени преку агенции – околу 2.500 евра.

Според последните статистички податоци од 2015 година, во Германија работат околу 300.000 странски медицински сестри и техничари од кои најмногу од Полска, БиХ и Казахстан.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје