15 Декември, 2025
0.0956

Symphony Digital официјално го отвори својот технолошки центар - погледнете за првпат во нивната нова канцеларија

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2022 12:17

Добивај вести на Viber

Новиот технолошки центар на Symphony Digital (Симфони Дигитал), прв од ваков вид во Македонија, се обои во виолетова боја за официјалната вечер на отворањето. Речиси 200 гости, вклучително и членови на локалната ИТ заедница, пријатели и партнери, присуствуваа на настанот, кој означи нова бизнис ера за една од најуспешните компании во Југоисточна Европа. Со нивното доаѓање во Скопје пред повеќе од четири години, тие значително придонесоа за развој на ИТ екосистемот во Македонија. Сега, со отворањето на технолошкиот центар, тие најавија уште позначајно влијание, нови работни места и уште повеќе можности за раст и развој на нивните вработени.

Ѕирнете во нашата нова канцеларија

„Технолошкиот центар на Symphony Digital ја одразува културата, мисијата, визијата и вредностите на нашата компанија. Покрај тоа што е дизајниран како простор за соработка, сакаме овој технолошки центар да биде плодна почва за развој на нови идеи, проекти и иновации и инкубатор за најперспективните млади луѓе и експерти од индустријата“. – истакна низ разговорот Зоран Маневски, директор на Симфони Дигитал.


Технолошкиот центар на Symphony Digital (Симфони Дигитал) во Скопје е прв од ваков вид во Македонија и на вработените им нуди најдобра работна средина инспирирана од глобалните технолошки центри. Целиот простор има 2200 квадратни метри и е опремен со повеќе од 15 конференциски сали, простори за одмор и забава, двор, тераса на покривот и паркинг за вработените. Реакциите на вработените се позитивни и сите се возбудени за идните предизвици во оваа брзорастечка заедница. 

„Почнав да работам во Symphony неколку недели по отворањето на нашиот прв дом во Скопје. Имаше помалку од 20 вработени, додека денес таа бројка надминува 90 колеги во Скопје и 650 на глобално ниво. Задоволна сум што имам можност да бидам сведок на постојаниот раст и развој на нашата компанија и на целата заедница на Symphony. Работата во Symphony ми овозможи да растам и да се развивам, и лично и професионално. Предизвикувачките проекти и вредноста што нашите решенија ја носат на клиентот ги поместуваат моите граници и ги зајакнуваат моите амбиции, “, истакна Елена Ќаева, Solution Architect во Symphony Digital.

Поголеми можности за македонскиот ИТ екосистем

Symphony Digital го гради своето влијание на глобално ниво со инженери и технолошки експерти од Југоисточна Европа, а во текот на својот долгогодишен бизнис, тие станаа синоним за највисок стандард за квалитет во испораката на врвни технолошки решенија и градење стабилни и долгорочни односи со клиентите.

Дополнително, тие нагласуваат дека како компанија се стремат да го подобрат искуството на заедницата во Symphony Digital врз основа на потребите, знаењето и најновата технологија. Затоа, со цел да го подобрат целокупното задоволство на вработените и да ги соберат сите бенефиции што ги нуди компанијата на едно место, неодамна ја лансираа веб-страницата Symphony Care - уникатен и сеопфатен водич за личниот и професионален развој во рамките на Symphony заедницата. Фокусирајќи се на кариерата, финансиите, семејството и добросостојбата, тие посветија значително внимание да го опфатат секој детаљ и секоја точка која им е во фокус инспирирана од заедницата на Симфони.

Заедницата на Симфони е водена од мисијата да им ги понуди истите можности на другите членови на локалната ИТ заедница и да го поддржи и зајакне развојот на ИТ екосистемот во Македонија. Вечерта на отворањето, тие гордо го најавија лансирањето на многу иницијативи како што е лабораторијата за иновации наменета да ги собере најистакнатите технолошки експерти. Освен тоа, тие прават огромен чекор напред во однос на многу поголеми можности за сите во ИТ индустријата преку хакатони, Symphony Digital Meetups и обезбедување простор и можности за локалните ИТ заедници.

За да го поддржат отворањето на првиот технолошки центар во Македонија, тие го започнаа првиот технолошки предизвик за најталентираните и најмотивираните студенти од сферата на ИТ во Македонија и им понудија шанса да се приклучат на заедницата на Symphony Digital и да растат заедно со нив. Затоа, во наредниот период во нивниот новоотворен технолошки центар ќе се одржат бројни настани со фокус на споделување на знаење и вмрежување. За повеќе информации околу Symphony Digital, посетете ја нивната веб страница www.symphony.is, а доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за нивните најновоотворени работни позиции, посетете ја  нивната страница на LinkedIn.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол

Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол