21 Септември, 2024
0.0270

Synergy Fitness & Spa слави роденден: Пред една година беа поставени стандардите на модерниот фитнес во Македонија

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Водењето на здрав живот e инспирација за многумина, особено поради модерното секојдневие кое што е исполнето со стресни ситуации и постојаното брзање во текот на денот кој трае само 24 часа. Не постои човек на планетата кој после напорниот ден не сака да се опушти, ја потроши негативната енергија и да ужива во некој фитнес и спа центар каков што сме виделе на некој видео спот на интернет или на некоја музичка телевизија.

Фитнесот и спа услугите пред точно една година во нашата држава доживееја голема револуција. Обичното одење во сала за вежбање замина во историјата. Synergy Fitness & Spa центарот ги постави новите стандарди на модерниот фитнес  и спа услугите.

Synergy Fitness & Spa е комплетно нов начин на сфаќање на физичката активност, релаксацијата и уживањето во Скопје. На простор од 2000 квадратни метри, Synergy Fitness & Spa содржи сѐ што модерен начин на живот го бара на едно место! Во рамките на центарот има фитнес сала со целосна Technogym опрема – за прв пат во Македониј. Спа-сегментот ги нуди најдобрите услови за регенерација, а секој може да се опушти со различните видови на масажи, третмани, thalgo и терапии.

Во изминатите 365 дена повеќе од 2500 луѓе беа дел од фитнес и спа активностите, персонализираните фитнес  тренинзи како и групните активности под кои спаѓаат: Aеробик, Степ-аеробик, Пилатес, Спининг, Боди-баланс, Kик – фит, Зумба, Оmnia и активности за деца. Бројот на активности секојдневно расте со цел да се следат светските трендови, но и да се задоволат барањата на корисниците.

Денеска Synergy Fitness & Spa го слави својот прв роденден и за сите има многу изненадувања, меѓу кои 100 ваучери за 7 дена фитнес кои што се наменети за оние кои ќе дојдат на роденденот.

Можеби ќе ве интересира

Последен ден за пријавување за маратонската магија на 20. Виз Ер Скопски маратон

Последен ден за пријавување за маратонската магија на 20. Виз Ер Скопски маратон

Дигитализацијата е моментална потреба, а не иднa аспирациja

Дигитализацијата е моментална потреба, а не иднa аспирациja

Промотивен депозит со исплата на камата веднаш - Уникатна понуда за штедење од ПроКредит Банка

Промотивен депозит со исплата на камата веднаш - Уникатна понуда за штедење од ПроКредит Банка

Вработените во Teleperformance наградени со патување во Истанбул, Париз и други вредни награди

Вработените во Teleperformance наградени со патување во Истанбул, Париз и други вредни награди

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност

Македонски Телеком воведува деловна услуга за сајбер безбедност

Hisense телевизорите конечно ја добиваат најбараната апликација за стриминг

Hisense телевизорите конечно ја добиваат најбараната апликација за стриминг

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ ГОВОРНИК НА БИЗНИС ФОРУМОТ ВО БЕРЛИН

ВИДЕОЛОТАРИЈА ИЗГРАДИ 17 ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ИЗГРАДИ 17 ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА НИЗ МАКЕДОНИЈА

ШПАРКАСЕ БАНКА, ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БАНКА СО НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ

ШПАРКАСЕ БАНКА, ПРВА И ЕДИНСТВЕНА БАНКА СО НАМЕНСКИ ПОТРОШУВАЧКИ КРЕДИТ ЗА МЛАДИ