Апасиев си купи автомобил од 16,5 илјади евра, па го покажа клучот
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, објави фотографија од клучот на новокупениот автомобил, откако беше обелоденето во неговиот ажуриран анкетен лист дека во јуни купил возило што вреди околу 16.500 евра.
„Сите сме ВМРО,само ДПМНЕ не се“, напиша пратеникот на својот профил на Фејсбук со објавената фотографија, алудирајжи на логото на „пежото“ кое потсетува на тоа од грбот на владеачката партија.
Во анкетниот лист е објавено дека од 19 јуни Апасиев се стекнал со „пежо 3008“ произведено во 2017 со проценета сегашна вредност на 1.014.750 денари.