07 Октомври, 2024
0.0245

ТУРИСТИТЕ ГИ МЕНУВААТ НАВИКИТЕ, НА УДАР МЕДИТЕРАНОТ И СКИЈАЧКИТЕ ЦЕНТРИ?! – секторот под влијание на природните непогоди

Објавено во: Економија 19 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Разни кризни ситуации, ковид пандемијата, елементарните непогоди, честите пожари од големи размери, недостигот на снег и бројни други промени кои се појавија во последниве години се причини за „тектонски“ промени во туризмот во Европа и во светот. Ова е дел од заклучокот на анализата изработена од комисијата на Европската унија, каде се посочуваат најголемите „удари“ за туристичкиот сектор. Аналитичарите посочуваат дека сите промени кои настануваат, особено ненадејните драстично го менуваат туризмот во Европа.

-  Проекциите врз основа на податоци од 269 европски региони покажуваат дека туристичката побарувачка ќе се промени, особено во крајбрежните области. Очекувањата се да има зголемување на бројот на посети на северна регионите, наспроти јужните кои ќе се соочаат со намалување. Ова станува поизразено со затоплувањето – се наведува во анализата на ЕУ.

Нагласуваат дека сезонската туристичката побарувачка се очекува постепено да се смени со намалување на патувањата во лето и раст во зима. Поради високите температури, бројот на луѓе кои планираат да го посетат Медитеранот во период јуни-ноември е намален за 10 отсто, а туристите наместо тоа размислуваат за патувања во Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.

Се потенцира дека и недостигот на сигурен снег ќе ја промени туристичката побарувачка во регионот на Алпите, каде годишно престојуваа 120 милиони туристи. Скијачките подрачја под 1.500 метри ќе бидат без снег во блиска иднина, што ќе влијае врз една четвртина од алпските одморалишта. Пазарниот удел на одморалиштата на повисоките локации најверојатно ќе поскапуваат поради поместување на ски-туризмот на повисоки надморски височини.

Во анализата се нагласува дека доколку се реализираат најавите за глобално затоплување, кое веќе е видливо, алпските ски-центри би можеле да имаат 40 проценти помалку снежни денови годишно до крајот на векот, снег 137 дена во годината, 80 помалку од сегашниот просек. Притоа е посочено дека природната снежна покривка може целосно да исчезне во едно од осум одморалишта во светот.

-  Зачестеноста на различни кризни ситуации во Европа е зголемена во последните години, вклучително и оние поврзани со климатските промени, новите заразни болести и војните. Особено, пандемијата на Ковид го парализираше туристичкиот сектор на ЕУ, а компаниите и заедниците кои зависат од туризмот претрпеа голем притисок - се вели во извештајот на Европската комисија за патувања.

Скијачките одморалишта и жичарите низ Швајцарија - која се затоплува двојно повеќе од глобалното просечната стапка поради недостатокот снег, се обидуваат да ги окупираат туристите со други форми како алпски велосипедски патеки за да се компензира задоцнетата скијачка сезона. Во јануари 2023 година само 16 од 70 ски патеки биле отворени во луксузното одморалиште Гштад, а употребата на жичарница околу 35-40 проценти помала од претходната година.

-  Во Шпанија се забележани докази за промена на временските обрасци кои влијаат на туристичката побарувачка, бидејќи туристите трошат повеќе во поладневните крајбрежни општини во Шпанија отколку во потоплите. Помеѓу летото 2019 и летото 2023 година, расходите за туризам се зголемија во просек за 45 отсто во постудените и за 35 проценти во потоплите места. Дополнително, за време на летните горештини во 2023 година, туристите ги намалија своите трошење во најжешките периоди од денот, помеѓу 12 и 17 часот, ги зголемија меѓу 22 часот и 7 часот наутро – се нагласува во извештајот.

Сепак, фактот дека туризмот закрепна релативно брзо по пандемијата може да сугерира дека побарувачката е прилично отпорна. Но, тоа не мора да значи дека понудата во европскиот туристички сектор стана поотпорна на идните кризи, кои стануваат се поголеми и посложени.

-  Индустријата за патување и туризам е ранлива на широк спектар на ризици, вклучувајќи терористички напади, епидемии, пандемии, природни катастрофи и други ризици кои ја загрозуваат безбедноста на туристите, и би било погрешно да се претпостави дека одредени земји или видови дестинации се имуни на одреден тип инциденти. На пример, малкумина очекуваа дека за 12 часа во април 2024 година, Дубаи ќе доживее количина на врнежи што паѓа во една година, што предизвика невидени поплави и принуди затворање на аеродромот – еден од најголемите меѓународни центри за воздушен сообраќај и еден од најпрометните аеродроми во светот – се нагласува во анализата.

Потоа додаваат дека има многу видови кризи за кои засегнатите страни од туристичкиот сектор во Европа ќе треба да се подготват во наредните години. Се претпоставува дека идните кризи ќе бидат поголеми и понепредвидливи и дека ќе претставуваат поголеми стратешки и оперативни предизвици за националните туристички организации.

Врз промените во туристичккиот сектор до 2100 година во голема мера ќе влијаат климатските промени, се наведува во извештајот за кризи во туризмот на Европската комисија за патувања.

Според извештајот, ќе се зголеми посетеноста на крајбрежните во северните региони, а јужните региони ќе имаат помал број туристи. Особено поради сценарија кои предвидуваат повисоки температури. Притоа, побарувачката за туризам се очекува да се менува со годишните времиња. Дури се проектира намалување на побарувачката во летниот период, а зголемување во постсезоната и во зима.

П.О.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип