СЗО: Нова пандемија уште полоша е можна поради неконтролирана употреба на антибиотици и антивирусни лекови

Објавено во: Свет 01 Декември, 2020
Според Светската
здравствена организација, невнимателното внесување на антибиотици и антивирусни
лекови кои се даваат на болните од корона вирусот, може многу лесно да
предизвика нова пандемија, што може да биде и многу полоша.
-Употребата на антивирусни лекови и антибиотици е многу важно прашање. Ако не ги земаме внимателно антибиотиците, бидејќи тие треба да се користат само кога ќе ги препише лекар, и истовремено сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, може да се соочиме со уште полоша пандемија по корона вирусот, изјави претставничката на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ.
Вујовиќ вели дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови, поради што посочува дека од огромно значење е да разбереме дека корона вирусот ни даде поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразните болести и од гледна точка на лекарите и од гледна точка на општеството.
Можеби ќе ве интересира
Поради страв од коронавирусот, човек три месеци живеел на аеродром

Или карантин или бегалски камп - Германија со строги мерки

ДИЛЕМА ЗА ЕКСПЕРТИТЕ: Коронавирусот откриен во сладолед во Кина

ВО ЛОНДОН ЌЕ МОЖАТ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ 24 ЧАСА - нов план за да се заштитат најранливите

Непозната состојбата на Навални: На адвокатите не им било дозволено да го видат

НЕ САМО ШТО ЈА ПОБЕДИЈА КОРОНАТА, ТУКУ ЈА ВИВНАА И ЕКОНОМИЈАТА - кинескиот БДП порасна за 6,5 отсто во четвртиот квартал

САМО ШТО СТИГНА ВО МОСКВА ГО УПАСИЈА: Рускиот опозициски лидер Навални приведен на аеродромот во Москва

ЕВРОПА ГИ ЗАСИЛУВА КАРАНТИНСКИТЕ МЕРКИ: Жестоки протести во Холандија и Австрија
