СЗО: Потрагата за потеклото на короната ќе трае со години
Објавено во: Свет 05 Февруари, 2021
Член на тимот предводен од Светската здравствена организација (СЗО) кој спроведува истрага во Вухан, кинескиот град каде е откриен коронавирусот, вели дека е изненаден од комплексноста на задачата да се открие потеклото на вирусот и дека истражувањето би траело со години, пренесува Индекс.хр.
„Секој знае дека пандемијата избувна во Вухан, но клучно е да откриеме што се случило пред тоа“.
Доминик Двајер, микробиолог и експерт за инфективни болести, рече дека истражувачкиот тим на СЗО добил од кинеските власти во Вухан да ги испитаат почетоците на пандемијата на коронавирусот, за првпат појавена во тој кинески град.
„Секој знае како избувна пандемијата од пазарот Хуанан во Вухан, но клучно е да се открие што се случувало тогаш и порано“, рече Дваер.
Потеклото на коронавирусот стана високо исполитизирано прашање по меѓународните критики кон Кина за недостаток на транспарентност во раните денови на епидемијата. Пекинг ја застапува теоријата дека вирусот потекнува од друго место.
Дваер, австралиски експерт за ХИВ, кој соработуваше со СЗО за време на епидемијата на САРС и птичји грип, рече дека главната „загатка“ на ковид-19 е тоа што првите асимптоматски пациенти не знаеле дека носат вирус.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.