СЗО потврди дека смртноста од коронавирусот се зголеми за повеќе од 20 отсто

Објавено во: Свет, Корона Вирус 28 Јули, 2021 16:04
Во светот смртноста од коронавирусот се зголеми за повеќе од 20 отсто.
Од 19 до 25 јули, СЗО примила податоци за просечно 540.000 нови заразени дневно, во споредба со 490.000 за претходната седмица. До 25 јули, во светот се регистрирани вкупно 193.657.729 случаи на коронавирус и 4.154.660 починати. Зголемен број случаи има во Северна и Јужна Америка (за 30 проценти), во Западен Пацифик (за 25 проценти) и во Европа (за три проценти). Во Европа за еден отсто е намален бројот на жртви. Делта сојот е присутен веќе во 132 земји.
Многу земји уриваат рекорди со бројот на заразени и починати.
За првпат има повеќе од 3.000 новозаразени луѓе во јапонскиот главен град Токио.
Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата Форт Детрик во Соединетите држави како можен извор на коронавирусот.
Петицијата ја покрена кинескиот „Глобал тајмс“, а од Светската здравствена организација (СЗО) се бара да го испита овој случај.
foto unsplash.com
Можеби ќе ве интересира
„НЕМОЈТЕ ДА БИДЕТЕ ГЛУПИ“: Трамп со порака до Американците

ДВЕ ДЕЦА ПОЧИНАА ОД СИПАНИЦИ ВО ТЕКСАС - епидемијата во САД се влошува

ВОВЕДУВААТ СМРТНА КАЗНА ЗА ПЕДОФИЛИТЕ - Ајдахо ги заострува казните за насилство врз малолетници

Политичка одмазда или задоволување на правдата? Раздор во Франција по пресудата на Марин Ле Пен и непријатни прашања за судството
Израелската армија призна дека по грешка убила 15 болничари во јужниот дел на Газа - пронајден мобилниот телефон на една од жртвите

„ЌЕ ПОБЕДИМЕ“: илјадници Французи се собраа во Париз со цел поддршка на Марин Ле Пен

РАБОТАТА Е СТОПИРАНА, ОТКАЗИТЕ СЕ НЕИЗБЕЖНИ - многумина го обвинуваат Трамп и одлуката за воведување тарифи
НАЈНОВАТА РАНГ ЛИСТА НА ГРАДОВИ СО НАЈМНОГУ МИЛЈАРДЕРИ - предводи Њујорк, еве колкаво богатство имаат поединечно
Еден од најголемите германски концерни на колена: Нов шок, филијалите се затвораат по 100 години, работниците без работа
