18 Декември, 2025
0.0410

Т-Мобиле им подари Samsung Galaxy S6 на десет корисници

Објавено во: Мои пари 19 Април, 2015 15:54

Добивај вести на Viber

На само еден ден пред македонската промоција на новиот Samsung Galaxy S6, Т - Мобиле им приреди несекојдневно изненадување на своите корисници. Во трговскиот центар Сити мол на 19 април, десет корисници добија на подарок Samsung Galaxy S6, преку одговарање на едноставни прашања со СМС.

t-mobile s6

„Ова за мене беше специјален неделен ден,. Ден предходно од медиумите се информирав за настанот и знаев дека ќе дојдат во Скопје рано наутро од Куманово. земав учество и испратив СМС пораки со точни одговори.  Па така, на мое огромно изненадување, станав еден од добитниците на телефонот Samsung Galaxy S6. Ова ми е првпат да добијам ваков ексклузивен подарок. Им благодарам на Т-Мобиле за  изненадувањето. До сега само ги читав одличните критики за телефонот, а сега едвај чекам да го користам и лично се уверам во карактеристиките на одличниот Samsung Galaxy S6“, изјави возбудено Дарио Королио од Куманово, еден од добитниците на најновиот телeфон од серијата на Samsung.

Имаше изненадување и за сите корисници кои тој ден во Телеком продавницата во Сити мол купија Samsung Galaxy S6 или S6 Edge, и го добија за 1МКД одличниот Samsung S5mini за 1МКД.

t-mobile s6 3

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge, кои што  во редовна продажба ќе се најдат почнувајќи од 20 Април,  се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

t-mobile s6 1

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задна 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка