17 Декември, 2025
0.0738

ТАБЕЛА: Некои растат, други паѓаат, каков раст имаат светските економии во првиот квартал?

Објавено во: Економија 16 Јуни, 2013 08:25

Добивај вести на Viber

Кварталниот Бруто домашен производ (БДП) во групата Г-20(20 најразвиени економии на светот) се зголеми за 0,7% во првиот квартал на 2013 година во споредба со 0,6% во претходниот квартал, според прелиминарните проценки. Сепак, збирната Г20 БДП стапка на раст продолжува да ги демаскира различните модели низ најголемите економии во светот. Меѓу европските Г-20 земји, БДП порасна во првиот квартал на 2013 година во Обединетото Кралство и Германија (за 0,3% и 0,1%), по падот во претходниот квартал. БДП продолжи да се намалува во Франција и Италија, иако во Италија со забавено темпо. БДП порасна во Турција (од 0,1% до 1,6%), во Јапонија (од 0,3% до 1,0%), во Кореја (од 0,3% до 0,8%) и во Канада и САД (се издига до 0.6% во споредба со 0,2% и 0,1%, во претходниот квартал). Растот остана стабилен во Австралија и Бразил (0,6%) Индонезија (од 1,5% до 1,4%). Со малку посмалено темпо остана стабилен во Мексико (од 0,7% до 0,5%), во Јужна Африка (од 0,5% до 0,2%), во Кина (од 2,0% до 1,6%), во Индија (од 1,2% до 0,5%) . Во споредба, пак, со истиот квартал од 2012 година, растот на БДП за подрачјето на Г-20 остана стабилен на 2,4% во првиот квартал од 2013 година, со највисока стапка на раст во Кина (7,7%) а најголем пад во Италија (минус 2,3%). Во Македонија растот на економијата изнесуваше 2, 9 %, споредено со претходниот квартал што е висок квартален пораст по рецесивните движења минатата година.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје