23 Ноември, 2024
0.0299

ТАЧИ ГИ ОТКАЧИ ЛИДЕРИТЕ: Што е договорено меѓу Заев, Рама и Вучиќ и кој денес доаѓа во Охрид?

Објавено во: Македонија 10 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Хашим Тачи, соопштил дека Косово нема да учествува на состанокот на лидерите на Западен Балкан во Охрид, пренесува РТК2.

Во телефонски разговор, Тачи му порачал на премиерот на  Македонија, Зоран Заев, дека Косово не учествува на самитот, соопшти кабинетот на Тачи.

Трилатералната средба на српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, се одржа синоќа во Охрид, посветена на иницијативата за слободно движење на луѓе, добра, услуги и капитал.

На лидерите на трите земји денес треба да им се придружи Претседателот на министрите на Советот на БиХ, Денис Звиздиќ, додека Црна Гора, која има резерви околу иницијативата, ќе ја претставува министерката за економија Драгица Секулиќ.

Учеството на Косово, за кое инсистира Албанија, досега е доведено во прашање.

Вистинските причини за отсуството на Тачи беа објавени на Фејсбук

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на Фејсбук објави дека одби да присуствува на самитот во Охрид, наведувајќи дека Косово не сака да ја замени својата евроатлантска перспектива со ниту една регионална иницијатива.

Тој исто така рече дека на првиот самит на оваа нова регионална иницијатива, Србија „намерно го занемарила Косово“, известува Косово онлајн.

Тачи исто така рече дека оваа регионална иницијатива е „безначајна“ сè додека Србија и Босна и Херцеговина не ја признаат независноста на Косово.

„Ние сме посветени на надминување на сегашните пречки преку дијалог и меѓусебно признавање. Само кога тоа ќе се случи, ќе станеме дел од ваквите регионални иницијативи како еднаква држава“, напиша Тачи.

Според Косово онлајн, тој го критикувал албанскиот премиер Еди Рама за присуството на самитот во Охрид, каде изјавил дека „Република Косово не е призната“.

Што договорија Заев,Рама и Вучиќ синоќа?

 Александар Вучиќ, Зоран Заев и Еди Рама се договориле за конкретни мерки што ќе придонесат за развој и раст на трите држави.

Само еден месец по покренувањето на иницијативата за воспоставување регион без бариери за слободно движење на стоки, луѓе, услуги и капитал меѓу Србија, Македонија и Албанија, првите конкретни чекори во таа насока, како што дознава Танјуг вечерва, ги договориле претседателот Александар Вучиќ и премиерите Еди Рама и Зоран Заев.

Слободата на движење, како што е наведено, ќе има повеќе ефекти и ќе ја зголеми конкурентноста на целиот регион, кој има потенцијал од 12 милиони жители.

Договорено е да се воведе систем што ќе овозможи патување меѓу државите само со поседување лична карта, заедничка дозвола за работа што ќе им овозможи на луѓето да работат во сите три држави без дополнителни постапки.

Оваа мерка директно ќе ја зголеми достапноста на работната сила, што ќе ја зголеми привлечноста на целиот регион за привлекување нови инвестиции.

Компаниите кои доаѓаат во една од државите нема да мора да се грижат за работната сила, бидејќи ќе можат да ја внесат потребната квалификувана работна сила од сите три земји без дополнителни процедури.

Слободното и брзо движење на стоките ќе се охрабри преку воведување на 24-часовно работно време на сите инспекциски служби со фокус на фотосанитарна и ветеринарна инспекција.

Планирано е да се унифицира и создавање на заеднички пакет документи, потребни за транзит на стоки во рамките на земјите членки на иницијативата, со акцент на воведување на систем со што е можно помала хартија, што би било во согласност со стратегијата за дигитален развој на земјата.

Исто така, се предвидува взаемно признавање на професионалните квалификации во рамките на земјите-членки на иницијативата, како и поттикнување на размена на студенти и започнување на заеднички проекти за истражување и развој.

Предвидено е и формирање на „мини Шенген“, односно странците кои би дошле во Белград би можеле да патуваат во други земји-членки на оваа иницијатива без визи, и обратно.

Така, како што беше планирано, Србија и Албанија ќе ја воведат можноста да патуваат граѓаните само со лична карта пред крајот на годината.

Србија, Албанија и Македонија, понатаму, планираат да ја зајакнат прекуграничната соработка во областа на транснационалниот криминал и тероризмот преку соработка во областа на миграцијата и итна помош.

Што се однесува до протокот на капитал, тој е дел од заедничка иницијатива, но опфаќа комплицирана постапка за спроведување и дополнување на голем дел од законодавната рамка од областа на пазарот на капитал, даночниот и финансискиот систем.

Трите земји ќе донесат свои правила во многу области и со тоа ќе ја подобрат нивната привлечност и соработка, и на тој начин оваа иницијатива може да стане најважната политичка иницијатива во 21 век.

На охридскиот состанок сите четири слободи ќе влезат во акциониот план, кој треба да даде конкретни резултати до следниот состанок на 21 декември во Албанија.

Важна точка е дека, откако ЕУ го запре процесот на проширување на Западен Балкан, САД ја поддржаа иницијативата за поблиска соработка на регионот, која е отворена за сите земји во регионот.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

ГРАД СКОПЈЕ: Ерџан Демир требал да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

„ДАНЕЛА ОДИ СИ“: Порака од граѓаните кои протестираа поради проблемите со јавниот превоз

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР

Почина Валентина Марјановиќ, новинарка и уредничка во весникот ВЕЧЕР