Тачи со најрадикалното барање - Амнестија за Диво насеље, Монструм и Сопот
Објавено во: Македонија 07 Декември, 2016 20:15
Мендух Тачи, претседателот на ДПА, на собир во домот за култура во Струга, пред своите следбеници и симпатизери го претсатави досега најрадикалното барање во кампањата која инаку беше фокусирана на економски теми. Тачи посочи дека ДПА ќе побара амнестија за обвинетите или осомничените во судските процеси кои се водат за случаите на тероризам како Диво насеље, Монструм и Сопот.
- Нашиот предлог е да се донесе закон за фискална амнестија. Сметаме дека државниот буџет треба да оди кај Албанците. Тие да бидат економски рамноправни со другите граѓани и после да плаќаат давачки. Ќе воведеме и кривична амнестија за случаите „Куманово“, „Сопот“ и „Монструм“, да одат на повторно судење, со други судии и обвинители, изјави Тачи по завршувањето на митингот во Струга.
Тачи посочи и дека ДПА може најдобро да ги штити правата на Албанците во Македонија и затоа ја побара довербата на изборите во недела.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




