Добивај вести на Viber
Во понеделникот вечер Џерард Гамбоа возел клиент до хотел Palms Place (каде ноќевање чини најмалку 500 долари ) . Гамоа е таксист веќе 13 години. Малку откако го оставил клиентот, тој се јавил на диспечерот и рекол дека во колата има заборавено актовка .
Тој ја отворил актовката и видел банкноти од по 100 долари. Тој и неговиот пријател пребројале до 50 000 долари , по што застанале. Од полицијата не го откриваат идентитетот на расеаниот клиент.
Гамбоа вели дека неговата сметка била 9.90 долари , тој му дал 20 долари и побарал 5 долари кусур, односно му оставил бакшиш од 5 долари. Од такси компанијата го прогласија Гамбоа за службеник на годината и му дале награда од 1000 долари и вечера за двајца во скап ресторан.