„ТАКВО УБИСТВО НЕ МОЖЕ ДА СВАРИ СЕЧИЈ ОРГАНИЗАМ, ОСВЕН АКО НЕ ГО СТОРИЛ ТОА ПОВЕЌЕПАТИ, ШТО ЈА ИСТИСНАЛ ЦЕЛАТА ЧОВЕЧНОСТ ОД СЕБЕ“: Екс помошник директор на БЈБ, Ѓурчевски за случајот со убиството на Вања и Панче
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2023 07:00
Во гостување на Тв емисијата на актерот Сашо Тасевски на Ем ТВ, каде тој се јавува во улога на водител, поранешниот помошник диретор на Бирото за јавна безбедност и началник на СВР Куманово, Љубомир Ѓурчевски говореше за случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Тој упати низа сериозни критики до МВР, и го даде своето мислење за случајот, но и за шпекулациите што кружат во јавноста.
„Ако претпоставиме теоретски за сето професионално делување и држење до криминалистичките начела, а посебно до начелото на брзината во делувањето на полицијата кое е едно од главните начела, и ако добро се водела истрагата за пријавувањето на велешанецот Панче Жежовски и возилото, можело да се дојде до резултати. Да не делиме ум, ама се гледа пропуст на оперативата, посебно кога во медиумите беше објавено по време што кога се случувало. Значи, дека на 27 во 15.30 часот е пронајдено возилото на 300 метри од местото каде што подоцна, на втори е пронајдено телото на Вања. Начелото на методичност и тактичност вели дека се пребарува пошироката околина таму каде што ќе се пронајде предмет од кривично дело, употребен за сторување на кривичното дело , кога е извршен увидот, околу има траги од нозе од чевли.. Стерео камерата на увид фаќа се и влакно да е и днк да е. Тука МВР остави простор на опозицијата да тврди дека делото било порано откриено, но заради самитот на ОБСЕ не се излегло во јавноста. Тоа е информација која, според мене треба да се провери„, вели Ѓурчевски.
Според него, во ситуации кога имаме обезбедување од прв степен во државата за било кој празник или доаѓање на високи функционери, мора да се планира да има полицајци кои ќе ги вршат редовните задачи.
„ Треба да знаете дека ќе има сообраќајќи, нарушувања на редот и мирот, и мора да направите план и да определите доволен број на службеници кои ќе ги вршат секојдневните работи. Доколку некој се дрзнал да го испразни оделот за крвни деликти или оделот за потраги, или пак да ги намали капацитетите до таа мера да не можат да работат, тогаш треба да има дебела одговорност“ вели тој.
Она што тој го посочи е сличноста со случајот на киднапирањето на малата Билјана Србиновска во 1989 година, која била киднапирана на сличен начин како и Вања, или од влезот на зградата во Карпош 2 од воената кула, каде што живеела, или во непосредна близина, чие тело било пронајдено исто така во атарот на селото Бразда, само на различна страна. Тој вели дека полицијата треба да го отвори и тој случај, и со оглед на тоа што случајот е сличен како овој со грабнувањето и убивањето на Вања, и да се утврди дали има поврзаност на сега осомничените со киднапирањето на деветгодишната Билјана, бидејќи тој случај и ден денес е нерешен.
Ѓурчевски исто тага во интервјуто кажа дека такво убиство не може да свари сечиј организам, бидејќи, како што вели, нормален ум тоа не може да го направи, ако не е под седативи или во непресметлива состојба, „освен ако тоа не го сторил повеќепати претходно со што ја истиснал целата човечност од себе“, додава тој.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ бара внимание со невистини, мигранти нема да има
Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата
ПОВТОРНО БЛОКАДА ВО ГРЦИЈА: Еве кој период ќе бидат затворени граничните премини
Кацарска: Кој го намести Мицкоски за изјавите за пензиите?
Денеска продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани
ВО МИНАТОТО МАКЕДОНСКОТО ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК БРОЕЛО 5, А ДЕНЕС 3 ЧЛЕНА: Ова е податок што треба да нѐ загрижува
„ИНАКУ, 20.000 ФУНТИ СЕ ОКОЛУ 2.000 ПРЕКРШОЦИ ОД ПО 51 КИЛОМЕТАР НА ЧАС“: Макрадули вели, наместо мигранти, да се намали брзината за казни на 25/26
„ВРЕМЕ Е БУГАРИТЕ ДА СЕ ВНЕСАТ ВО УСТАВОТ“: Најчевска вели тоа да е во замена за почеток на разговори за штетите од Бугарија од Втората светска војна
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски вели дека ниту еден бегалски шатор нема да има, СДСМ ја отвори петицијата





