21 Мај, 2024
0.0287

ТАРАВАРИ, КОЈ ВЕЌЕ ПРЕЛЕЖА КОВИД - ќе се вакцинирам со цело мое семејство, но исклучиво со „Фајзер“

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Релевантна вакцина, засега, којашто се користи и ги исполнува сите критериуми за да се прими е вакцината којашто ја користи 95 отсто од светот, односно вакцината на „Фајзер“, која што ја набавуваат повеќето држави и во Америка и во ЕУ, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Гостивар, но и лекар, Арбен Таравари.

„За жал, во Македонија се уште не знаеме ни кога ќе стигне вакцината. Ние сме како слепо црево во Европа и во Западен Балкан. Веќе повеќето држави околу нас ги набавуваат вакцините. Кај некои држави се стигнати и започната е вакцинација. Некои пред Нова Година, другите веднаш по Нова Година. За кај нас постојат претпоставки дека можеби во март ќе започнеме со вакцинација, но и тоа е под голем знак прашалник, дали и во март ќе стигнеме. Јас не би посакал, искрено го кажувам ова, да задоцниме и да се случи во април, мај, јуни, јули или подоцна од тоа. Тоа би било катастрофално за нашата држава“, наведе Таравари.

Запрашан дали ќе се вакцинира и, доколку може, со која вакцина би одбрал да биде вакциниран, тој посочи дека штом стигне вакцината, веднаш ќе се вакцинира.

„Јас веќе го прележав ковид 19, бев инфициран и тоа со сериозни симптоми. Фала Богу сега сум подобар. Штом стигне вакцината, веднаш ќе се вакцинирам со целото мое семејство. И не лично, туку како лекар кој претпочита да се базира на медицина базирана на докази, единствената вакцина која е релевантна и која што дава некаква сигурност е вакцината на Фајзер и јас исклучиво би се вакциниал со таа вакцина“, истакна Таравари.

Можеби ќе ве интересира

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

ПАЛЕВСКИ: Не сум ги сторил убиствата, имам докази

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра