Таравари му заблагодари на бизнисменот Дестани за донација од 1 милион евра
Објавено во: Македонија 15 Август, 2024 14:00
Донација денеска промовираше компанијата „Еколог“ за реновирање на болницата во Тетово. Министерот за здравство Арбен Таравари се заблагодари на сопственикот Лазим Дестани за оваа донација за здравството.
„Посебно е задоволството кога свечено се отвораат вратите на реновираните одделенија. Онаму каде што се подобруваат условите на еден здравствен систем. Секоја инвестиција во оваа насока им овозможува на пациентите да добијат подобри услуги!“ - изјави Таравари
Потоа му се заблагодари на еден од најпознатите бизнисмени за оваа инвестиција.
„Му честитам на Лазим Дестан, за овој гест што го направи, верувам дека ќе ги поттикне и другите компании да инвестираат во здравството“, рече меѓу другото Таравари.
Министерот за здравство изрази и подготвеност да соработува со компаниите од земјава преку кои би им се помогнало повеќе на државните болници.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




