Таравари не отстапува, куќата во Тафталиџе му вреди 150.000 евра
Објавено во: Македонија 19 Јули, 2024 10:05
Министерот за здравство Арбен Таравари и во новиот анкетен лист доставен до Државната комисија за спречување на корупција, навел дека куќата во Тафталиџе,што ја купи во 2021,вреди 9.254.250 денари.
Претходно, тогашната опозиција,кога Алијанса на Албанците беше дел од претходната власт, реагираше дека пријавената вредност од 150.000 евра за таква семејна куќа во Тафталиџе е премала за денешни услови.
Таравари претходните делови од семејната куќа во Гостивар кои ги пријави како имот на родители, сега ги има впишано како една целина и во своја соипственост. Овој недвижен имот во Гостивар е проценет на 43.050.000 денари, односно 705.000 евра. Министерот пријавил и стан во Карпош од 95.000 евра од 94 метри квадратни од 2014 година.
Министерот вози Volvo XC 60 X60 кое сега вреди 50.000 евра,а купено е како ново во 2016. Таравари пријавил заем од 4.552.959 денари и златен накит во сопственост на сопругата од 1.350.800 денари.
Таравари месечно добива 33.825 денари кирија од издавање на стан и 15.374 денари од издавање на деловен простор.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




