06 Мај, 2024
0.0262

ТАРАВАРИ: ПЕТ ГОДИНИ БЕВМЕ „ПОД МРАЗ“ ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ И НЕ ПРИМИВМЕ НИКОГО - Општина Гостивар бара 22 нови вработувања

Објавено во: Македонија 05 Мај, 2022

Добивај вести на Viber

Соработници, советници, за односи со јавноста, за меѓуопштинска и меѓународна соработка... Општина Гостивар наеднаш ќе им даде решение за работа на 22 лица.

На веб страницата на Агенцијата за администрација пред неколку дена осамна оглас за 22 нови вработувања. Кадрите што таму ќе добијат работно место главно ќе земаат плати главно меѓу 23.677 и 26.313 денари, со тоа што ќе има само две пониски пшлати за две понеатрактивни работни места.

Зошто одеднаш и се потребни на оваа општина толку голем број вработени, Фактор разговараше со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари. Тој вели дека долги години, дури пет, биле под „мраз“ од актуелната централна власт, па немале реализирано ниту едно вработување, а во меѓувреме многумина се пензионирале или ги напуштиле работните места, поради што општината се соочила со недостиг од кадар.

„Општина Гостивар во последниве пет години немаше ниту едно вработување. Практично, ние бевме единствената институција од јавниот сектор во која цели пет години не се вработи ниту еден нов кадар. Причина за тоа во претходниот мој мандат беше фактот што ние немавме мнозинство во Советот на општина Гостивар, а потоа и што претходниот министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шакири, не дозволуваше да се реализираат тие потребни вработувања, односно тие не можеа да поминат за време на неговото раководење со тој ресор. Сега во МИОА прв човек е кадар на Алтернатива, Адмирим Алити, кој ги дозволи овие вработувања и затоа ние ќе ги реализираме, односно за прв пат по пет години ќе имаме вработувања на неопределено време“, објаснува за Фактор градоначалникот Таравари.

Тој нагласува дека во овој период од околу пет години, дури 10 до 15 од вработените во општина Гостивар заминале во пензија, а други петмина вработени, пак, си заминале надвор од државата.

„Имаме околу 50 вработени кои работат со договор на дело, и нашиот план е половината од нив да добијат решение за работа, бидејќи тука работат долги години и треба да им се регулира вработувањето“, објаснува Таравари.

Градоначалникот на Гостивар нагласува дека дури и со новите 22 вработувања, оваа локална самоуправа и натаму ќе се соочува со недостиг од кадри. Нам ќе ни требаат уште минимум 10 до 15 луѓе, вели Таравари, потенцирајќи дека општината има потреба од навистина квалитетни луѓе.

Во моментов, како што вели, општината има 110 вработени, заедно со оние 40 до 50 кои се ангажирани со договор на дело.

„За разлика од нас, општина Тетово има околу 500 вработени“, вели Таравари.

Фактор разговараше со гостиварскиот градоначалник и за долговите на општина Гостивар, која секогаш е меѓу првите 10 места на најголеми државни должници. Градоначалникот вели дека станува збор за наследени долгови, кои сега изнесуваат околу шест милиони евра.

„Постоеја две алтернативи, или општината да се одлучи да ги враќа долговите, или да инвестира. Ние одлучивме да инвестираме, односно да ги исполниме оние подобрувања на условите за живот што сме им ги ветиле на граѓаните“, објаснува Таравари.

Инаку, како што стои во огласите, согласно годишниот план на таа институција, предвидено е 16 од овие нови вработувања, според етничката припадност, да бидат Албанци, а по тројца да бидат Македонци и Турци.

Првиот кадар што се бара е соработник за односи со јавноста, невладините организации, здруженија на граѓани и фондации, чија плата ќе изнесува 23.677 денари, потоа, виш соработник за меѓуопштинска и меѓународна соработка, за плата од 24.462 денари, па соработник за урбани и месни заедници, чии месечен надоместок ќе биде 23.677 денари, а се бара и советник за правни таботи, за плата од 26.313 денари.

Натаму, општина Гостивар ќе вработи и советник за подготовка на седниците на советот на општината и работните тела на советот, кој ќе зема 26.313 денари, виш соработник за подготовка на материјали за седници на советот на општината и работните тела на советот, за плата од 24.462 денари, соработник за стручни административни работи за седниците на советот на општината и работните тела на советот, кој месечно ќе биде платен 23.677 денари,советник за планирање, организирање и извршување на буџетот, со примања од 26.313 денари, советник за буџетска контрола и аналитика, со истата плата, помлад соработник за стручно-административни и аналитички работи од буџетско работење, чија плата ќе биде 20.760 денари, виш соработник за финансиско сметрководство, кој ќе зема 24.462 денари, советник за администрирање на локални даноци, такси и надоместоци, за плата од 26.313.

Во општина Гостивар ќе се вработува и виш соработник за правни работи во областа на даноците на имот, таксите и надоместоците, со плата од 24.462 денари, советник за уредување и располагање на градежно земјиште, Одделение за урбанизам, градежништво, просторно планирање и уредување на градежно земјиште, кој ќе зема 26.313 денари месечно, виш соработник за следење и учество во постапката за донесување на урбанистички планови и проекти, за 24.462 денари, а вработување ќе најде и помлад референт за административна поддршка, со пониска плата од минималната, односно 15.229 денари, потоа советник за комунална хигиена, за 26.313 денари, како и соработник за правни работи во областа на образованието, спортот и културата, за 23.677 денари.

Таму ќе се вработи и помлад соработник за спорт и млади, кој ќе зема 20.760 денари, советник за здравствена и социјална заштита, за 26.313 денари, самостоен референт - комунален редар, за 16.530 денари, и конечно, советник - Координатор на процесот на воведување на стандарди и инструменти за управување со квалитет, чија месечна плата ќе изнесува 26.313 денари.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Православните го слават Велигден, политичарите повикаа на сплотеност

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

ПО ПОВОД ВЕЛИГДЕН: Фатмир Битиќи на гости кај Оливер Спасовски

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

КОЛКУ СЕ ХРАНЛИВИ ЈАЈЦАТА: Дали треба да се внимава со жолчките?

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ДЕВОЈЧЕ ОД ПЕТРОВЕЦ ИЗБЕГА ОД ДОМА: Таткото се сомнева дека е кај момчето

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ЕФРЕМОВ: Полицајците евакуираа и спасија 60 стари, изнемоштени и неподвижни лица во Банско

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ПО НЕГО ИМАШЕ ПОТЕРНИЦА: Кондовецот Агим Красничи е упасен во Косово

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

ВИСТИНСКИ РАЈ ЗА ОЧИ: Скопјанка во неколку техники украсува велигденски јајца

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

НА 8-МИ ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ: Колку пратеници очекува Мицкоски?

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува

КАСАМИ ДО АХМЕТИ: Toj е фатен од синдромот на Мендух Тачи, кој само се заканува