Таравари се закани со можна радикализација на Албанците и барање за реорганизација на државата
Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2023 15:53
Претседателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари се закани со можна радикализација на Албанците.
Според него, евентуалното загрозување на европската перспектива преку неможноста да се отвори македонскиот устав и во неговата Преамбула да се внесат Бугарите, би можело да ги зголеми фрустрациите кај Албанците во Македонија. Вели дека може да се појават и идеи за реорганизација на државата. Таравари во интервју за Тв Шења, јавно го повика и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да каже што ќе се случи со земјава ако поради противењето на ВМРО-ДПМНЕ за впишување на Бугарите во Уставот, ниту годинава земјава не започне со отворање на поглавјата за влез во Унијата.
„Ќе влеземе во еден маѓепсан круг од кој нема да можеме да излеземе“, изјави Таравари.
Инаку, претседател на Демократската партија на Србите и пратеник, Иван Стоилковиќ, во Само интервју на Канал 5 порача дека заканите се само „сеење страв“ и дека можат единствено да донесат до голема победа на македонскиот блок на следните избори.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




