19 Декември, 2025
0.0491

TAРАВАРИ ЗА ПОЧИНАТОТО БЕБЕ: Се работи за бременост што не била следена баш како што треба

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2024 19:28

Добивај вести на Viber

Според министерот за здравство, Арбен Таравари треба да се видат сите околности во врска со смртта на бебето од Струмица. 

Детето викендов почина на Детската клиника. 

„Вчера добив информација од директорот на Клиниката за педијатрија. Се работи за бременост што не била следена баш како што треба, барем според информациите што ги добив. Потоа детето е задржано во домашни услови или во болницата во Струмица и кога е донесено бебето во Клиниката за педијатрија, веќе било во многу влошена состојба. Така што треба да се видат сите околности и според тоа и Министерството ќе постапи“, рече Таравари.

Бебето старо осум дена почина на Детската клиника во Скопје, откако во тешка здравствена состојба го донеле од Струмица. Како што информираа од Детската клиника, се работи за предвремно родено дете, со мала тежина, кое било со тешка сепса.

Минатиот месец на истата клиника почина 14 месечно дете. 

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните