ТАСЕВСКИ: Во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кои излегле неколку лица кои влегле и нападнале вработени
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2024
Претседателот на Синдикатот на Контролори за летање, Александар Тасевски, преку социјалната мрежа Фејсбук соопшти дека околу 15:30 часот се случил инцидент во М-НАВ предизвикан од неидентификувани лица.
„Бидејќи во моментов немам време секој медиум посебно да го известам, го користам мојот профил кој што знам дека голем број на медиуми во моментот го следат за да известам дека пред пред околу 30 минути во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кои излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање, мои колеги. Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи. Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект. Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, пишува тој.
Фото: Принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.