19 Декември, 2025
0.0776

Ташковиќ: Никогаш не сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено во: Македонија 03 Март, 2018 15:22

Добивај вести на Viber

Глигор Ташковиќ, новиот член на Комитетот за одобрување на инвестиции при Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија се обрати со реакција до Фактор по објавата на денешната анализа „Ташковиќ е топ кадар ама е признание за слабоста на владата“.

Ташковиќ вели дека никогаш не бил член на ВМРО-ДПМНЕ и дека делувал како технократ без политичка определба. Во нашата анализа ние не посочивме дека тој бил член на тогашната владејачка партија туку дека бил назначаен од екс премиерот Никола Груевски и дека токму како таков кадар е добар пример за бипартизам, односно давање шанса на кадри кои веќе служеле за претходните влади.

Исто така Ташковиќ реагира затоа што не бил претходно контактиран од редакцијата на Фактор за став. Секако, ваквата реакција ја прифаќаме но, треба и да посочиме дека не станува збор за интервју, ниту пак за статија, туку за уреднички коментар кој претставува најслободна новинарска форма на изразување. 

„Важно е да се посочи дека јас никогаш ниту сега ниту во минатото не сум бил член на ВМРО-ДПМНЕ. Јас бев технократ, еден од технократските министри кои служеа на владата на Македонија. Јас работев со сите етнички групи и сите партии во насока на привлекување нови странски директни инвестиции. Целосниот извештај за мојот мандат стои во владините архиви и треба да е достапен на ваше барање. Работен во просек по 90 часа неделно и привлеков според тогашните стапки приближно 1,5 милијарди американски долари во нови проекти. Не сите од нив беа реализирани, но тоа не беше моја одговорност. Штом тие проекти беа донесени задача на друга група беше да се погрижи да се реализираат. Еден од нив е хотелот Мериот во Скопје кој неодамна беше отворен“ вели Ташковиќ.

Екс министерот тврди дека никогаш не бил регистриран како професионален лобист, освен ако се смета природата на неговата работа како министер за лобирање за Македонија. Тој додава и дека е еден од петте странски експерти и дека не е ангажиран на полно работно време туку дека ангажманот ќе му одземе 15 до 20% од неговото работно време согласно пристигнатите апликации.

Уште еднаш сакаме да потенцираме дека во нашата анализа не беа доведени во прашање професионалните капацитети на Ташковиќ, туку политичките импликации кои ќе ги донесе неговиот избор.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот