Татјана Чакулев: Загадувањето секогаш го зема „данокот“ по здравјето на луѓето
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2019 06:56
Загадувањето секогаш го зема „данокот“ по здравјето на луѓето, и особено ги погодува најранливите категории, децата, постари граѓани, трудници, хронично и срцеви болни, лица со астма и кардиоваскуларни и респираторни болести, вели Татјана Чакулев од О2 Иницијатива.
Смета дека ова е едно од најургентните прашања чие решавање не смее да се пролонгира, затоа што зема илјадници животи секоја година и остава болни во уште поголем број.

„Мерките кои беа воведени не даваат ефект зашто не редуцираат радикално ниту еден од главните извори на загадување. Ако немате намалување на количината на испуштени загадувачи во воздухот, не може да има ефект, освен ако не дувне ветер и го разнесе загадувањето. Овие мерки по правило треба да се применат пред да настане епизодата со високо загадување, со прогнозирање на загадувањето“, вели Чакулев.
Објаснува дека краткорочните мерки треба да доведат до брзо намалување на загадувањето преку мерки на редукција, по принцип 50% до 100% намалување на сите извори на загадување, зависно од состојбата. Тоа значи намалена работа на индустриите кои загадуваат, намален сообраќај, но во тој период и намалено користење на дрва, јаглен, нафта и сл за греење, со користење на струја за загревање во тој период и зголемен број на ефикасни инспекции на терен.
„Долгорочните мерки значат дека ќе се замени начинот на греење во незагадувачки. Замената би се направила врз соодветна анализа за најприкладно и долгорочно префрлање на друг тип на загревање. Индустријата ќе користи најнови технологии и филтрациски системи со кои ќе се намали испуштањето на загадувачките материи во воздухот, а одреден број ќе се дислоцира од градовите. Возилата ќе бидат над ЕУРО 4, со намалена употребата на дизел горивото (дел на автогас, дел хибридни, електрични), со поставени филтри и катализатори, бројот на возила ќе биде намален за сметка на зголемен чист јавен и ефикасен транспорт и воспоставување на безбедна вело мрежа низ градовите. Воспоставување на систем за минимален сообраќај во центарот, со можности за оставање на автомобилите на периферија од градот и користење јавен транспорт или велосипед до саканата дестинација. Во градежниот сектор ќе значи воведување на ЕУ стандарди со константен мониторинг на прашина (како и бучава и вибрации) околу секој поголем градежен објект за цело време на градежните работи. Во областа на земјоделието тоа ќе значи престанување со праксата на палење на стрништата“, вели таа.
Македонија никако да се справи со аерозагадувањето. На прсти се бројат градовите каде нема загадување. Скопје во новата 2019 година се појави на air visual како прв најзагаден град во светот, а често е во топ 10. Ништо подобри не се ниту Тетово, Битола, Струмица, Куманово. И тие се високо загадени. Властите даваат препораки кои треба да вродат со плод, но по 2-3 дена истите се укинуваат.
Сања АтанасовскаМожеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




