18 Декември, 2025
0.0425

Технологијата во 2015: Дронови, 3D печатари и моќта на интернетот

Објавено во: Свет 23 Јануари, 2015 10:23

Добивај вести на Viber

Производите поврзани на интернет, дроновите и мобилната технологија ќе бидат трендовите во светот на технологијата, на кои ќе бидеме сведоци во 2015 година според 14-тиот извештај "Предвидувања за технологијата, медиумите и телекомуникациите" на Deloitte.

Според него, компаниите ќе бидат главните корисници на интернет на нештата (технологијата која ги соединува телефоните, камерите, системите и патиштата), купувајќи 60% од сите 1 милијарда уреди кои се очекува да бидат продадени во текот на оваа година.

"Влегуваме во необичен период во кој потрошувачката технологија се повеќе се користи во компаниите. Нашите податоци покажуваат експоненцијално зголемување на интересот за работите на интернет од страна на компаниите, што може да има големо влијание врз начинот на кој работи бизнисот", тврди Ерик Оупншоу, заменик-претседател на Deloitte LLP и лидер на Deloitte во областа на технологијата, медиумите, забавата и телекомуникациите во Северна и Јужна Америка.

Според неговите зборови, усвојувањето на работите на интернет од страна на бизнисот може да се претвори во огромна можност, како за трговците на мало, така и за самите корисници. Оупншоу смета дека обемот на информациите, генериран од поврзаните уреди, ќе го отвори патот на мерењето на интеракциите, што не сме го виделе порано. Како резултат од тоа, компаниите ќе можат полесно да го дознаат однесувањето на своите клиенти.

Прогнозата на Deloitte е дека и покрај медиумскиот фокус на корисниците кои ќе купат термостати и различни поврзани уреди, бизнисот ќе игра многу поголема улога.

Извештајот на Deloitte сугерира дека во 2015 година компаниите ќе се насочат кон купување на 3D Принтери и дронови.

Освен тоа 2015 година ќе биде пресвртна за пазарот на паметни телефони според извештајот. Во него се наведува дека во текот на оваа година ќе бидат продадени 1,35 милијарди вакви телефони, но над 1 милијарда. Од вкупните продадени уреди поголемиот дел ќе бидат купени од корисници кои веќе имаат смартфони и тоа нема да биде нивниот прв уред. Додека времетраењето на циклусот за стекнување на нови телефони може да се зголемува, подобрувањата во технологијата и дизајнот на смартфоните ќе продолжат да го стимулираат растот на пазарот.

К.К.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“