Тексас ќе биде првата држава во САД што повторно ќе се отвори - се стартува со парковите, училиштата остануваат затворени
Објавено во: Свет, Корона Вирус 18 Април, 2020 07:30
Во Тексас, САД, државните паркови ќе бидат отворени во понеделник, а трговците на мало ќе почнат да работат во петок на 24 април.
На трговците на мало ќе им биде дозволено да се отворат само ако можат да вршат испораки до дома, така што на луѓето нема да им биде дозволено да бидат внатре во продавниците или во компаниите.
Тексас има население од 29 милиони жители но има само 17.000 случаи на коронавирус. За споредба, Њујорк има 8 милиони жители и околу 120.000 случаи.
Гувернерот Грег Абот рече дека ќе продолжи да се следи епидемијата
Претседателот Трамп во четвртокот рече дека земјата би можела повторно да се отвори на 1 мај. Сепак, тој не е одговорен за спроведување на плановите за повторно отворање.
Тоа им е оставено на гувернерите, кои исто така мора да водат сметка и за рестартирање на економиите.
Тексас ќе започне со повторното отворање следната недела, објави во петокот гувернерот Грег Абот, започнувајќи со јавните паркови и трговците на мало, кои работат врз основа на системот „to-go“.
Од луѓето сè уште ќе биде барано да носат маски за лице или да им биде покриено лицето во јавноста и тие сè уште мора да се придржуваат кон социјалното дистанцирање.
Трговците на мало ќе имаат можност да се отворат повторно следниот петок, но ќе мора испораките да ги доставуваат до домовите на луѓето, автомобилите или на други места.
Операциите кои беа одложени заради пандемијата, исто така, ќе можат да продолжат, но ќе се одлучува од случај до случај.
Училиштата и универзитетите сепак ќе останат затворени за остатокот од учебната година.
Абот рече дека повторното отворање ќе биде во фази.
„Разберете го ова: отворањето во Тексас мора да се случи во фази. Очигледно, не сите бизниси можат да се отворат одеднаш на први мај. Некои бизниси, ако се целосно отворени, без подобри дистанциони стандарди, со поголема веројатност ќе нè вратат назад, отколку да не придвижуваат напред. Потребен е повеќе стратешки пристап за да се осигураме дека нема да се отвориме само за да мораме повторно да затвориме“, рече тој.
Тексас е првата држава што потврди дека повторно се отвора следната недела.
Гувернерот на Њујорк, Ендру Куомо, го продолжи заклучувањето на државата до 15 мај и рече дури тогаш, тој ќе одлучи постепено за постепено рестартирање на економијата.
Ниту една држава сè уште не е во позиција што ја опиша претседателот Трамп во низата упатства издадени синоќа.
Тој рече дека иако издал рамка за повторно отворање, на крајот ќе се сведе на гувернерот на секоја држава да одлучи како и кога се случува.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите





