18 Декември, 2025
0.0555

Телефон кој долго се очекуваше - Samsung Galaxy Z Fold2 пристигна во Македонија

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2020 11:37

Добивај вести на Viber

Скопје, 18. септември 2020. година Samsung Galaxy Z Fold2, предводникот на третата генерација на телефони на преклоп, од денеска може да се купи во Македонија. Станува збор за уред со софистициран дизајн, кој во потполност го менува обликот на иднината, благодарејќи на револуционерните перформанси на паметен телефон, стаклото кое што се склопува и батеријата која што трае цел ден. Z Fold2 е идеален за брзиот секојдневен живот и мултитаскинг, со никогаш поголемиот преден и импресивен главен, внатрешен екран.


Samsung Galaxy Z Fold2 на корисниците им пружа ново мобилно искуство, со унапредени можности и значајни иновации. Она што го карактеризира овој врвен уред е храбриот дизајн во комбинација со напредната технологија на изработка. Кога ќе се отвори, Z Fold2 има главен екран од 7,6 инчи. Меѓутоа, праќањето на електронска пошта или гледањето на омилената содржина е можно и без отворање на уредот, благодарејќи на Infinity-O Cover Screenекранот од 6,2 инча.

Дел од новиот дизајн на овогодинешната генерација на телефони на преклоп е и шарката, која речиси незабележливо се вклопува во куќиштето на телефонот со CAM механизмот. Шарката на Galaxy Z Fold2 се одликува со револуционерната техника, модифицираниот состав и изменетата густина на влакна. Исто така, овој паметен телефон поседува и иновативна технологија за чистење, со што прашината и несаканите честички нема да се задржуваат во просторот помеѓу преклопот и куќиштето.

 

Искуството на корисниците со паметниот телефон како што е Z Fold2 достигнува сосема ново ниво, така што овој телефон на преклоп исклучително е погоден за секој кој сака мултитаскинг. Благодарејќи на Flex Mode функцијата, снимањето, фотографирањето  и гледањето на содржини во реално време станува многу полесно, додека пак камерите на овој уред имаат Pro Video, Single Take, Bright Night и Night Mode режими, со што на корисниците им овозможуваат да го овековечат секој момент на врвен начин.

Овој единствен телефон на преклоп ќе биде достапен на нашиот пазар во мистично црна и мистично бронзена боја, по цена од 123.999 денари. Повеќе информации за уредот може да најдете на овој линк .


За компанијата Samsung Electronics Co., Ltd.

Со своите идеи и технологии Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината. Компанијата поставува стандарди во областа на ТВ уредите, смарт телефоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни апарати, мрежните и LSI системи, меморијата и LED технологијата. За дополнителни информации и вести, посетете ја http://news.samsung.com .


Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“