18 Декември, 2025
0.0618

Телеком влегува во партнерство со Wolt – 12 месеци бесплатна достава достапна за сите корисници на Телеком

Објавено во: Мои пари 19 Август, 2025 15:01

Добивај вести на Viber

Дојче Телеком е посветен на обезбедување дополнителна вредност во секојдневниот живот на луѓето, со тоа што нуди многу повеќе од комуникациски услуги за корисниците.Во партнерство со Wolt, компанија којашто е позната по својата платформа за локална трговија, Телеком на своите корисници им носи уште повеќе поволности и предности.

Македонски Телеком им се приклучува на останатите оператори на Дојче Телеком во Европа и преку партнерството со Wolt на корисниците им обезбедува ексклузивна понуда достапна само преку програмата за поволности и подароци, Magenta Moments во апликацијата Telekom MK.

Што добиваат корисниците на Македонски Телеком?

Сите корисници на Македонски Телеком можат да уживаат во ексклузивната понуда достапна само преку Magenta Moments – 12 месеци бесплатна членарина за услугата Wolt+. Со бесплатната членарина за Wolt+, корисниците, кога нарачуваат од Wolt, ќе можат да уживаат во бесплатна достава од широкиот избор на локални ресторани, продавници за храна и намирници достапни во портфолиотона Wolt. Со вклучувањето на Wolt во Magenta Moments, Телеком ја носи оваа популарна платформа за локална трговијаи достава на дофат на корисниците, овозможувајќи им дополнителна и уникатна вредност на пазарот и секојдневни заштеди, при тоа олеснувајќи им го пристапот до она што им треба, токму во моментот кога им треба.

Достапни пазари

Придобивките од ова партнерство ќе бидат достапни за членовите на Magenta Moments на следниве европски пазари: Македонија, Хрватска, Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и Словачка.

За Magenta Moments

Magenta Moments е меѓународна дигитална програма на Дојче Телеком за подароци и поволности за корисниците којашто нуди телекомуникациски придобивки и придобивки поврзани со животниот стил. Програмата вклучува над 3.000 партнери и милиони членови низ цела Европа. Magenta Moments е обезбедена преку апликацијата Telekom МК, којашто е достапна бесплатно во App Store (iOS) и Play Store (Android).

За Wolt

Wolt е технолошка компанија со седиште во Хелсинки којашто развива платформа за локална трговија и ги поврзува луѓето што сакаат да нарачаат храна, намирници и други производи со локални продавачи и доставувачи. Основана во 2014 година, Wolt се здружи со DoorDash (NASDAQ: DASH) во 2022 година. Заедно, овие две компании работат во повеќе од 30 земји.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“