Добивај вести на Viber
Според високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, предлог-решенијата за прашањата околу телекомуникациите и енергетиката се речиси завршени, а разговорите ќе продолжат следниве два дена, за време на нејзината престојна посета на Белград и Приштина.
„Од суштинско значење е работата за примена на Бриселскиот договор да продолжи во престојните недели и месеци, како што е предвидено со Планот за имплементација. Задоволна сум што двајцата премиери ја потврдија посветеноста кон оваа цел“, стои во соопштението на Ештон по состанокот.
Ештон имаше билатерални средби со српскиот и косовскиот премиер, Ивица Дачиќ и Хашим Тачи. По средбата Дачиќ истакна дека разговорите биле многу тешки, но дошло до извесен напредок по повеќе прашања. За Тачи пак изјави дека е постигнат суштински, но не и комплетен, напредок за електричната енергија и телекомуникациите.