ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО – 10 СТЕПЕНИ, ВИКЕНДОВ НОВ СТУДЕН БРАН ВО МАКЕДОНИЈА: Најави за силен ветер, дожд и снег, за Нова година и над 50 сантиметри
Објавено во: Македонија 14 Декември, 2024 07:44
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од север, за време на овој викенд во Македонија ќе имаме нови врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни денеска попладне и тоа во западните предели (локално од 15 до 20 литри воден талог на метар квадратен). На планините ќе има врнежи од снег, каде постојаната снежна покривка ќе се зголеми, најави метеопрогнозерот Славчо Поповски.
-Поради понатамошното заладување на времето, во недела попладне и навечер повремен снег ќе има и на повисоките места, особено во западните и во северните предели од Македонија, со надморска височина од, па и под 1000 метри. Не се исклучува можноста во споменатите предели слабо провејување на снег да има понекаде и во пониските места (градовите). Во недела попладне и навечер, како и во понеделник повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (над 60 км/час), вели тој.
Што се однесува до Скопскиот регион, се очекуваат повремени врнежи од дожд, а особено во недела на околните планини, а доцна попладнето и вечерта и во повисоките предели од котлината ќе има услови за слаби врнежи од снег, кога повремено ќе дува и засилен ветер од северен правец.

Температурите бележат тенцендија на пад и ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 10 степени, меѓутоа во недела навечер и ноќта кон понеделник, како и во понеделник наутро дополнително ќе опаднат и до понеделник наутро ќе се спуштаат во интервалот од -6 до 0 степени, додека на високите и на планинските места тие се очекува да се спуштат до околу, па и под -10 степени.
-Значително постуден ден ќе биде понеделник 16 Декември, кога максималните дневни температури во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 7 степени. Апелирам доколку овој викенд се движите кон планинските превои, поради тоа што се очекуваат нови врнежи од снег, возачите да бидат крајно внимателни како управуваат со своите возила, односно да возат со намалена брзина, вели во последната метеопрогноза Попоски.
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ВИДЕО: Се отстрануваат билбордите од скопската Железничка
Ја затворил во стан, ја принудувал на секс и барал кокаин со закани дека ќе ја убие: Истрага и притвор за 29 годишник од Неготино
ДАНИЛОВСКИ ПРЕДУПРЕДУВА НА НОВА ВАРИЈАНТА ОД ГРИПОТ А/H3N2: Што значи тоа за нас и како да превенираме?
Студени утра, топли денови: Погледнете ја прогнозата за следните денови
„Сити Аутсорсинг“ со демант за СДСМ: Немаме никаква врска со Ивица Томовски
„МЕЃУНАРОДНИОТ ПРИТИСОК ВРЗ СКОПЈЕ Е МНОГУ СИЛЕН“: Ташев вели дека Македонија има два плана против Бугарите
Најблиските соработници со честитки до Мицкоски: „Вашата визија инспирира и обединува“
Мицкоски: Права на Македонците во Пиринска Македонија, нечепкање на јазикот и идентитетот, па разговори со Бугарија





