ТЕМПЕРАТУРИТЕ ЌЕ ПАДНАТ И ПОД МИНУС 10 СТЕПЕНИ ЦЕЛЗИУСОВИ - следните денови ќе имаме невообичаено студено време за март

Објавено во: Македонија 07 Март, 2022 18:16
До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени локални врнежи претежно од снег. Само на некои пониски места ќе има услови за врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи ќе има во вечерните и во ноќните часови, и тоа во јужните предели. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, и истиот особено во вечерните часови и тоа долж Повардарието ќе засилува на интензитет. Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 10 степени во најтоплите предели од државава.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 7 степени.
Инаку како што најавивме, и во следниот период времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно и невообичаено студено со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од северен правец.
Што се однесува до температурите, тие ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината и минималните понекаде ќе се спуштаат до околу -10 степени, додека на планинските места истите ќе се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -3 до 7 степени во најтоплите предели од државава.
И во Скопскиот регион во следните денови времето ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Ќе има и услови и за повремено провејување на снег. Минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -4 до -3 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 3 и 5 степени.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ОГЛАСИ МИЦКОСКИ: „Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност“

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ СЕ ПРОСТИ ОД ПАПАТА: „Еден од поинтересните и невообичани понтефикати беше 266-от понтификат на Хорхе Мариа Бергољо“

ВДИШАЛЕ ЧАД И ЗАВРШИЛЕ ВО БОЛНИЦА: Пожар во стан во Аеродром

ДОПРВА СЕ ОЧЕКУВААТ ГУЖВИ: Сега за сега на табановце и Богородица се чека по 20 минути

„НЕШТО МИ ЗБОРУВА ДЕКА ВАКОВ ПАПА ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ВЛЕЗЕ ВО ВАТИКАН ПОВТОРНО“: Ванковска за папата Франциск

ЃУЛИСТАНА МАРКОВСКА ЗА ИСТРАГАТА ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: „Тој објект работел на замижување на сите органи“

ДЕЛ ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ОД „ПУЛС“ ВО КОЧАНИ СО ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА: Од Анкара го честитаа празникот

„НАМАЛЕНА ПЛАТАТА НА НЕКОЛКУ ЛИЦА КОИ БЕА НА ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ НА КОБНАТА НОЌ И СПАСИЈА СТОТИНА ЖИВОТИ“: ВД градоначалникот на Кочани ја шокираше јавноста

„СЕ ГЛЕДА ДЕКА НЕ ВИ СЕ ОДИ ВО ЕУ, ОСВЕН СО ВАШИТЕ ЛИЧНИ БУГАРСКИ ПАСОШИ“: Колозова за евроинтеграциите и бугарските условувања
