05 Декември, 2025
0.1107

Тендер од 8 милиони евра за пругата Кичево-албанска граница

Објавено во: Економија 21 Декември, 2012 12:27

Добивај вести на Viber

Тендер за подготовка на детален проект и тендерска документација на новата железничка секција Кичево-граница со Албанија, која е дел од Кордорот 8, распиша Министерството за финансии. Железничката делница  треба да содржи единечна електрифицирана пруга од постоечката железничка станица во Кичево до границата со Албанија, должинаата е околу 63 километри, според постоечката физибилити студија, прелиминарниот дизајн, проценката за импактот врз животната средина и најдобрите пракси на Европската Унија. Претпристапните фондовите на ЕУ ќе го финсираат тендерот, дозволени се 8 милиони евра. Процедурата за учество на тендерот е ограничена на правни лица од земјите членки на ЕУ, земјите кандидати за членство во ЕУ, како и земјите кои се вклучени во проектот, а целиот тендер се доделува на една компанија или конзорциум. Бројот на апликанти кои ќе добијат покана да поднесат детален предлог ќе биде меѓу 4 и 8 во зависност од вкупниот број на добиените понуди за учество. Прелиминарен датум на кој ќе се испрати поканата за учество на тендерот со детален предлог е 12 март 2013 година, прелиминарниот датум за почетокот на договорот е 10 јули 2013 година, а рокот за спроведување на активностите е 24 месеци. Приходи од 4 милиони евра годишно треба да имаат заинтересираните компании во последните 3 години, а исто така и  пристап до ликвидни финансиски средства во износ од 500 илјади евра. Приемот на привчните апликации ќе се врши до 25 јануари 2013 година.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното