ТЕНЗИЧНО ВО СЕДИШТЕТО НА ДУИ: Тројца потпретседатели го напуштија состанокот, Ахмети убедува за коалиција со Груевски
Објавено во: Македонија 28 Јануари, 2017 21:41
Тензично е во Мала Речица, дознава Фактор од свои извори кои се наоѓаат пред седиштето на партијата на Али Ахмети.
Состанокот на кој се дискутира и одлучува за коалиција или не со екс партнерот Никола Груевски поминувал низ тензична атмосфера и со расправии.
Несогласувања околу ставот на лидерот на партијата Али Ахмети да прифати коалиција со ВМРО-ДПМНЕ најверојатно, но неофицијално е причината поради која тројцата потпретседатели Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити го напуштија состанокот кој уште трае во Мала Речица.
Фактор ги бараше потпретседателите на ДУИ кои ја напуштија седницата, меѓутоа Арифи, Бејта и Меџити не креваа на телефон.
Нашите извори исто така брифираат дека Ахмети најверојатно е ЗА коалиција со долгогодишниот партнер Груевски и дека се водат интензивни разговори со ВМРО-ДПМНЕ.
Двете партии „запнале“ кај две прашања а тоа се употребата на албански јазик на територијата на цела Македонија како и мандатот на СЈО.
Неофицијално наши извори велат дека на ДУИ им е понудено претседателско место во Собранието.
Претходно, во кратка изјава за медиумите кои нетрпеливо ја чекаат одлуката на раководството на ДУИ, портпаролот Бујар Османи изјави дека за нив е важна Платформата на Албанците и начинот како тој договор ќе се реализира и дека нема несогласувања за идните чекори.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата




