Тешки клетви за скијачката ѕвезда која го критикува Трамп
Објавено во: Свет 13 Декември, 2017
Линдзи Вон, една од најдобрите скијачки на САД на сите времиња, се соочува со тешки клетви на нејзините профили на социјалните мрежи откако упати големи критики против американскиот претседател Доналд Трамп. „Фановите“ кои ја следат на Facebook и порачаа да си го скрши вратот додека скија зимската Олимпијада.
„Следните два месеца ќе ги искористам за да се фокусирам на тоа што можам да го направам за својата земја натпреварувајќи се на најдобар можен начин, и се надевам дека ние Американците ќе можеме се уште да бидеме јасно светло на врвот на планината“, изјави Вон за медиумите.
Вон посочи дека на овој голем спортски спектакл ќе ги претставува САД, а не нивниот претседател Доналд Трамп. Таа објасни дека Олимпијадата е спортски настан и не треба да се меша политиката на државите.