Тешко ќе ви биде да ги апсорбирате овие 5 вештини, но тие ќе ви се исплатат еден ден
Објавено во: Финансии 31 Јули, 2017 13:23
Најубавите нешта во животот може и да се бесплатни, но тоа не значи дека не одземаат време, енергија и упорност. Особено кога станува збор за стекнување на важни вештини за кариера и личен живот . Од Business Insider ги посочуваат способностите и квалитетите кои нема да ви биде лесно да ги стекнете, но кои ќе ви се вратат стократно.
1. Распределба и организирање на времето
Ефективната организација на секојдневниот живот ќе ви биде исклучително корисна. Треба да најдете систем кој ќе ви одговара најдобро. Научете да планирате, а не само си правите to-do листи, а и да одредувате рокови за нивно спроведување.
2. Позитивно мислење
Станува збор особено за нашите мисли насочени кон самите нас, кон тоа како се справуваме со проблемите. Не е лесно да се акумулира доволно самодоверба и верба во себе, но кога тоа се случи, дефинитивно ќе почувствувате промена во квалитетот на живот.
3. Упорност
Без разлика дали работите во важен проект во работата, сакате да ги зајакнете врските со пријателите или тренирате во салата, константноста е клучна за успехот. Многу луѓе престануваат да се трудат, кога го достигнат врвот. Но всушност за да го држите во раце врвот, таму треба да се потрудите повеќе од било кога.
4. Вештината да слушаш
Претрупани сте со работа? Сочувствуваме со вас, но важно е да одвојувате време и да ги ислушате внимателно луѓето околу себе. Така прикажувате почит и загриженост и ги придобивате другите на своја страна.
5. Учење на уште еден странски јазик
Познавањето на странски јазик не само што ќе отвори нови професионални можности пред вас, а и ќе ви даде нова перспектива и дури и различен начин на размислување. Ќе ви помогне да запознаете уште една култура и да го проширите вашиот светоглед.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





