Тешкото наоружување останува на истокот од Украина
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2015 10:45
Украинската војска соопштила дека неможе да почне со повлекување на тешкото наоружување од првата линија на фронтот на истокот од земјата, бидејки проруските активисти не престануваат да ги напаѓаат владините сили и покрај постигнатиот договор за прекин на огнот.
Проруските активисти во текот на минатата ноќ двапати ги гранатирале позициите на владините сили, изјавил потпаролот Анатоли Стелмакиј, соопшува Ројтерс.
„Без разлика на тоа дека не престанува гранатирањето на позициите на украинската војска, се'уште неможе да стане збор за повлекување на оружјето“, изјавил потпаролот Владислав Сележњов.
И двете страни во украинскиот конфликт се согласни со повлекувањето на тешкото оружје од линијата на фронтот, кое е во согласност со мировниот договор од минатата недела во Минск, изјави вчера украинскиот генерал Александар Розманзин.
Тој истакнал дека се потпишани документи за почеток на повлекување на тешкото наоружување од првата линија на фронтот и дека е прерано да каже кога ќе почне повлекувањето.
Со мировниот договор од 12 февруари предвидено е да, и двете страни го повлечат тешкото наоружување со тоа што би се создала тампон зона со ширина од 25 до 70 километри.Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




