05 Декември, 2025
0.0329

Тест за преживување: Со просечна плата да ја наполниш количката во супер маркет?!

Објавено во: Економија, Мои пари 04 Декември, 2012 08:35

Добивај вести на Viber

Цените на храната и натаму ќе растат, а статистиката продолжува да мери поскапи животни продукти. Македонските граѓани, впрочем како и голем дел од граѓаните на Балканот се ставени на своевиден тест, да преживееме, а многу да не се жалиме. Можно ли е тоа? Соња Јованова Наумовска За 3,8% поскапеле најосновните животни продукти минатиот месец, во споредба со истиот период лани. Државната статистика регистрира нови, повисоки цени на месото, млекото, јајцата и кондиторските производи, а зголемување на цените е забележано и кај обувките, течните горива и гасот за домаќинствата, облеката и козметичките производи, средствата за хигиена.. Во услови кога нагоре веќе се отидени и цените на струјата, бензините и парното, инфлаторната спирала очекувано се отвора. Трошоците за живот во ноември се зголемиле за 4.6% во споредба со истиот месец лани. За да се преживее месецот потребни се близу две просечни плати Општо познато е дека во земјава граѓаните трошат повеќе од што заработуваат, оти за да се наполни една потрошувачка кошничка не стигнува една просечна плата. Ако се земе предвид дека просечната плата во земјата изнесува 340 евра, а за да се задоволат основните потреби како храна, облека, комуналии, здравствени услуги и сл. ќе ви требаат најмалку 500 евра, тогаш е јасно дека неопходна е барем уште плата и пол за да може да се преживее месецот. Државниот завод за статистика се откажа од мерење на потрошувачката кошничка, но Сојузот на синдикатите на Македонија направи своја пресметка, базирана на реалните трошоци на едно домаќинство. Па така, во октомври на едно семејство за нормално задоволување на потребите му биле потребни 31.989 денари( 520 евра). Од оваа сума, најмногу или 13 илјади денари се за храна, 10 илјади за домување и 8 илјади денари за комунални трошоци. Останатото се троши за купување на средства за хигиена, за превоз, облека, обувки и посета на културни настани.. Ваквите пресметки на ССМ покажуваат дека минималните потреби од потрошувачката кошничка можат да си ги задоволат само 2% од вработените во државата, оти според државната статистика, само толку од вработените имаат плата над 30.000 денари, а само 9% заработуваат меѓу 20.000 и 30.000 денари. И експертите констатираат дека животниот стандард во земјава се повеќе опаѓа, а граѓаните под притисок на честите поскапувања се соочуваат со ризик да не можат да го преживеат месецот. За да се ублажи ценовната спирала на раст на цените, тие предлагаат Владата итно да преземе мерки. „Никој не може да предвиди до каде може да оди поскапувањето затоа што не зависи само од внатрешни фактори. Енергенсите влијаат за зголемување на цените, а во услови на ограничени средства, граѓаните се потешко врзуваат крај со крај. Ништо сјајно не не очекува, ама дава надеж тоа што Владата води експанзивна фискална политика, иако треба да се најдат вистинските мерки за реалното стопанство оти таму е излезот, од таму земаат плата вработените“, вели Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи. Колку трошат останатите балканци? Според неа, позитивна мерка може да биде ослободувањето од царините на некои репроматеријали што го најави Владата по Нова година, но за вистински да се влијае на цените на крајните производи, неопходно е и Владата да субвенционира дел од нив. „Ова е особено важно заради тоа што имаме висок процент на сиромаштија и висок процент на невработеност во земјава“, вели Хаџимустафа. Дека состојбата нема да биде розова и во иднина покажува и најновиот извештај на Народната банка во кој се наведува дека цените на храната ќе растат, економијата ќе стагнира а платите ќе се намалуваат. Од земјите во регионот, за основните животни потреби Србите месечно трошат приближно колку нас, или околу 510 евра, но таму просечната плата е малку повисока од нашата и изнесува околу 370 евра, Црногорците за основни производи трошат околу 790 евра, а најмногу трошат Хрватите, близу 900 евра. Со ваков сооднос помеѓу платата и трошоците за живот, граѓаните во земјава се во многу полоша состојба од жителите во регионот.    

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети