Тестот за коронавирус на Оливер Спасовски е негативен
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 23 Април, 2020
Премиерот Оливер Спасовски има негативен резултат од тестот за коронавирус.
Согласно препораките на епидемиолозите, премиерот Спасовски останува и понатаму во изолација во домашни услови и најдисциплинирано ќе се придржува до препораките и советите на лекарите.
И во наредните денови во домашна изолација, премиерот Спасовски од дома преку дигитални алатки ќе ги извршува сите активности поврзани со водењето на Владата во услови на вонредна состојба.
Премиерот Спасовски апелира да се почитуваат мерките за физичка дистанца, за носење заштитни маски и да се избегнуваат групирања.
Во својот апел претседателот на Владата порачува дека секој може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го донесеме животот во новата нормала и се заблагодари за поддршката.
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски попладнево објави дека нрпавил тестови, тој, сопругата, и членови на семејството, и сите се негативни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.