Тетово под маски - Продолжува традицијата со Бадникарскиот маскенбал
Објавено во: Македонија 07 Јануари, 2017 14:20
Жителите на Тетово и годинава ја продолжи традицијата со Бадникарскиот маскенбал што е вистински раритет низ македонските региони кои вообичаено ваквите маскенбали или карневали ги одржуваат за Василица или Прочлка.
Бадникарскиот маскенбал во Тетово го започнаа децата, кои маскирани ги посетуваа семејствата пеејќи ја познатата песна Бдња баба. Домаќинките за возврат им даваа костени, јаболка, тиква и пари.
Подоцна повозрасните со духовити и инвентивни маски до доцните вечерни часови се забавуваа во тетовските кафулиња. На маскенбалот преовладуваа маски од филмски, претежно негативни ликови, кловнови и слично.
Учесниците сметаат дека маскенбалот во иднина треба да биде под покровителство на градската власт, за да може да биде поорганизиран со дефиле по градските улици.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




