Тевдовски продолжува со клучни средби, договорена нова соработка со ЕБРД
Објавено во: Финансии 09 Јуни, 2017 17:30
Новиот министер за финансии д-р Драган Тевдовски продолжува со остварување на почетни средби со клучни финансиски институции, а денеска се сретна и со Анка Јоана Јонеску, директор на ЕБРД надлежен за Македонија.
Јонеску изрази задоволство за соработка со министерот Тевдовски, посакувајќи му успех во работата.
На средбата и двете страни се согласија дека со заеднички заложби треба да се поддржат реформите во инфраструктурата и енергетиката, а воедно да зајакне финансирањето и поддршката на малите и средни претпријатија.
Македонија соработува со ЕБРД 24 години, при што одобрени се 104 проекти во вкупен износ од 1,6 милијарди евра.
Во моментов со заем од ЕБРД се градат проекти во вкупна вредност од 727 милиони евра, од кои 79 проценти се пласирани во инфраструктурата, 14 проценти во енергетскиот сектор, 4 проценти во финансискиот сектор и 3 проценти во индустријата, трговијата и агробизнисот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





