ТЕВДОВСКИ ГО ОБРАЗЛОЖУВА РЕБАЛАНСОТ НА БУЏЕТОТ: Повеќе пари за поддршка на граѓаните наместо за службени патувања и рекламирање
Објавено во: Финансии 17 Јули, 2017 14:53
Драстично кратење на кампањите, патувањата, рекламирањето а повеќе пари на сметка на граѓаните и фирми како што се минималната плата, решение за стечајците, поддршка за малите и средните претпријатија и земјоделците, укинување на радиодифузната такса и слично.
Ова го истакна денеска министерот Тевдовски образложувајќи го предлогот за ребаланс на буџетот.
До крајот неделата Министерството за финансии ќе излезе точни бројки колку изнесуваат доспеаните, а неплатени обврски од претходната власт бидејќи, како што посочи министерот моментално се договара проект со Светска банка за „чистење“ на ваквите обврски.
Тевдовски посочи дека старата власт оставила долг од 2,4 милијарди денари во областа на културата.
„Прво ограничување се преземените, а неплатени обврски од минатото. На пример, во Министерството за внатрешни работи тие изнесуваат 424 милиони денари, а во финансирањето на дејностите од областа на културата, дури 2,4 милијарди денари. Второ ограничување се веќе склучените договори за тековни или идни проекти, кои ако се раскинат државата ќе треба да плаќа пенали. Затоа, единствена здрава опција за ребалансот беше намалување на непродуктивните трошења кои се во рацете на носителите на власта, како што се службени патувања, репрезентации, економски промоции и рекламирање“, рече министерот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





