„The Daily Telegraph“: „Турски поток“ ќе ja промени судбината на Грција
Објавено во: Балкан, Економија 18 Април, 2015 12:45
Потпишувањето на договорот меѓу Москва и Атина за изградба на гасоводот „Турски поток“ на грчка територија ќе ја промени судбината на задолжената Грција, пишува „The Daily Telegraph“, повикувајќи се на мислењето на висок член на владејачката партија СИРИЗА.
Освен пари во број- 5 милијарди евра, кои Атина ќе ги добие, се очекува отворањето и на 20 000 работни места. Прашањето за потпишување на договор беше разгледан при посетата на Алексис Ципрас во Москва пред неколку дена.
Ако Грција не склучи аранжман со доверителите, таа ќе мора да плати 9 милијарди евра до крајот на 2015 година, а само во следните 30 дена износот е над 1-6 милијарди евра. Со парите на Русија овој долг може да биде делумно покриен, а долгот Атина ќе го враќа преку транзитните такси откако гасоводот ќе проработи.
Самата градба од грчко-турската граница до грчко-македонската граница се пресметува од 2 милијарди евра, а како стана јасно пред еден ден можно е тој да биде доделен на приватни компании.
Самото потпишување на договор меѓу Русија и Грција е прашање на време, тврдат руските медиуми. Според нив, тоа може да се направи уште следната недела.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




