18 Декември, 2025
0.3073

„ТИ НЕ МОЖЕ ДА СИ ПРВ ЧОВЕК НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО, НЕ СИ КОМПЕТЕНТЕН ЗА ТОА„: Дуковски јавно му се обрати на првиот обвинител Коцевски

Објавено во: Македонија 13 Октомври, 2025 07:00

Добивај вести на Viber

Адвокатот Сашо Дуковски на социјалните мрежи директно му се обрати на првиот човек на Основното јавно обвинителство Љупчо Коцевски, за кого рече дека не е компетентен да биде прв обвинител.

Ова е најлошиот,односно ,најнепрофесионалниот републички обвинител во историјата на оваа тажна земја!!!

Љупчо Коцевски!!!!Лејдис енд џентлмен!Тврдам!

Не сум ангажиран во предметот за Кочани така да ,немам било што лично!

Реагирам како еснаф,бидејќи сум ,повеќе од длабоко уверен дека нашата еснафска организација,адвокатската комора на Македонија,ќе реагира,ултра млако или воопшто нема да реагира,на нападите кон еден адвокат-бранител и други бранители,во предметот Кочани!!!!

Сетете се само на предметот 27-ми Април кога не казни “истакнатиот правник“,Кацарска и како реагираше нашиот еснаф!!!

А треба,но за тоа во друга прилика!!!

Да се обидеш да тресеш глупости и да бараш бранител да не реагира на нешто што смета дека е ,и е , негова должност,во врска со клиентот и постапката е ,едноставно ПРАВНО НЕПИСМЕНО!!!!

Неколку пати излегуваше со правни небулози во врска со предметот Кочани,изнесуваше “детали“ од истрагата и постапката и,тогаш беше ,се океј а?

Сега ти смета кога бранител,адвокат ќе реагира ,законски ,за својот клиент и целата постапка,нели,м?

Па ќе реагираш со некави глупави барања и слично,до адвокатската комора!

Па еве,да прашам:

Си слушнал некогаш за уставно загарантираното право на став и мислење,стручен став и мислење,особено во оваа фаза на постапката ,по обвинение стапено на правна сила,м?Не си слушнал,тврдам!

Си слушнал некогаш што е функцијата на бранител во постапката,иако си бил адвокат,м?

Си слушнал дека обвинителството на кое ти си прв човек( многу лошо) е само една од странките во постапката и ништо повеќе,м?Сигурно не!

Си слушнал за право на искажување на свој професионален став и стручно мислење ,м,или секогаш си мислиш дека вие како обвинители сте нешто повеќе од обични странки во постапката,мислам ,како што сте си навикнати до сега и ,ти со ова тоа се обидуваш повторно да го промовираш?Срам да ти е како правник,голема срамота!

Мислиш ли дека само со подигање на обвинение си ја завршил работата како странка во постапката,м,иако ти ни едно дејствие не си превземал туку имаше тим од обвинители и секогаш истапуваше и читаше ,само како неписмен портпарол читајќи подготвени соопштенија?

До кога мислиш да ја толерираш праксата да ако бранителите бараат присаство на сослушување на некој важен сведок или вештачење во истрагата ,тоа да го игнорираш а тука ќе пишуваш глупи соопштенија и барања?

Дали во животот си напишал обвинение и си застапувал,твое напишано обвинение пред суд,м?

Никој од адвокатите ниту ти се плаши ниту имаш било какво право да пишуваш вакви глупости,какви пишуваш до адвокатската комора.

Кога сакаш,приватно или јавно може да продискутираме за ова,но ти,никогаш тоа нема да го направиш затоа што немаш појма за што пишувам,правно!

Ова е мое исклучиво професионално мислење за највисок јавен обвинител во земјава ,функција која сега ја вршиш,против тебе немам нништо лично како човек,но ТИ не може да си прв човек на обвинителство.Едноставно,не си компетентен за тоа.

И на крај,уште две работи:

-Мислиш ли нешто да направиш како прв човек на обвинителството за предметот за модуларната болница во Тетово,м,обвинителе?Многу ме интересира.

-Дали ќе продолжиш да изразуваш став, како изразуваш ,негативен за обвинетите од 27-ми Април и барањата за исправање на таа неправда.

До кога ќе чекаш се полиција да ти даде на тацна а ти со прст да не мрдаш...,м?

Без почит!“,напиша Дуковски.



Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија