02 Декември, 2024
0.0263

„ТИ НЕ СИ МОЈ КРАЛ, ВРАТЕТЕ НИ ЈА НАШАТА ЗЕМЈА “: Австралиската сенаторка Торп му порача на принцот Чарлс

Објавено во: Свет 21 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Независната австралиска сенаторка Лидија Торп од своето место во австралискиот Парламент му порача на британскиот крал Чарлс Трети - „ти не си мој крал“. Торп рече и дека Британците извршиле геноцид врз нејзиниот народ.

„Ова не е твоја земја, ти не си мој крал“, повтори Австралијката со абориџанско потекло, Лидија Торп додека кралот се полека ја нашушташе говорницата на Парламентот за да ѝ се придружи на кралицата Камила.

Додека обезбедувањето ја придружуваше надвор од салата, Торп исто така му кажа на Чарлс дека Британците започнале геноцид врз нејзиниот народ.

„Вратете ни ја нашата земја. Дајте ни го тоа што ни го украдовте - нашите коски, нашите черепи, нашите бебиња, нашите луѓе“, извикуваше Торп, позната како застапник за правата на домородните Австралијци.

Церемонијата заврши без да се спомене овој инцидент. Торп потоа изјави за Би-Би-Си дека сака да испрати јасна порака до кралот.

„За да бидете суверен, треба да потекнувате од оваа земја, а тој не е од тука“, рече Торп.

Кога положи заклетва како сенатор во 2022 година, Торп ја нарече покојната кралица Елизабета Втора „колонизатор“.

Поранешниот австралиски премиер Тони Абот, кој присуствуваше на настанот, го изрази своето вознемирување од протестот, нарекувајќи го „несреќен политички егзибиционизам“.

Ова е прва посета на кралот Чарлс на Австралија откако ја наследи британската круна.

 EPA-EFE/LUKAS COCH 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото