05 Декември, 2025
0.0525

Тие имаат највисок данок на книги во светот - сега го укинуваат

Објавено во: Економија 27 Август, 2025 19:05

Добивај вести на Viber

Данска планира да го укине највисокиот данок на книги во светот во обид да ги охрабри луѓето да читаат повеќе.

Данокот на книги во Данска е 25 проценти, а владата верува дека таквата политика придонесува за растечката „криза на читање“.

Министерот за култура Јакоб Енгел-Шмит објави дека владата ќе предложи во својот буџетски план да се укине данокот на книги, што ќе ја чини земјата 330 милиони дански круни годишно, пишува Гардијан.

Енгел-Шмит рече дека верува оти мора да се преземат ризици за да се стави крај на кризата со читањето што се шири во последните години.

„Неверојатно сум горд. Не се случува секој ден некој да успева да ги убеди колегите дека толку огромна сума пари треба да се инвестира во потрошувачката и културата на Данците“, рече министерот.

Другите нордиски земји исто така имаат стандардна даночна стапка од 25 проценти, но не ја применуваат за книгите. Во Финска, ДДВ-то за книгите е 14 проценти, во Шведска е 6 проценти, а во Норвешка не се наплаќа, објавува Бета.

Во 2001 година, Шведска го намали данокот на книгите, што ја зголеми продажбата на книги, но, како што покажа анализата, книгите ги купија оние кои веќе читале.

foto freepik.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното