Добивај вести на Viber
Швајцарскиот Своч однесе победа над американскиот производител на луксузен накит Тифани во спорот околу пропаднатото заедничко претпријатие за дизајн на луксузни часовници.
Според пресудата на Арбитражниот инситут на Холансија, Тифани е должен да му исплати на Своч компензација од 402 милиони франци (327 милиони евра), се наведува во соопштението на швајцарската компанија, пренесува Франс прес.
Своч ја тужеше американската компанија за попречување на заедничкиот проект покренат во 2007 година. Швајцарската фирма од некогашниот партнер бараше 3,8 милијарди франци, по што Тифани поденсе контратужба, барајќи од Своч 541,9 милиони франци.
Холандскиот арбитражен инстиут ја отфрли контратужбата на Тифани, а извршниот директор на оваа компанија, Мајкл Ковалски, порача дека „е шокиран и разочаран од таквата одлука, како и дека ќе ги разгледа понатамошните акции со своите адвокати“.