19 Мај, 2024
0.0284

Тимоние: Во ЕУ не треба повеќе земји кои се во залог на десетина семејства

Објавено во: Македонија 07 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Кристијан Тимоние, амвасадорот на Франција во Скопје, во последното свое интервју вели дека во Македонија ќе се следи спроведувањето на реформите до самиот последен ден кога ќе се одлучува дали ќе ги започне преговорите со ЕУ и дека ставот на неговата земја е дека во Унијата не треба повеќе да се примаат земји кои се во залог, на како што вели, десетина семејства.

- Можеме да кажеме дека членството на некои земји би можело да биде поефикасно. Ниту преговорите ниту нивното членство во ЕУ не придонесе да се променат многу нешта во овие земји. Ова е затоа што, и покрај реформите, нивниот систем останува блокиран од политичките партии, како и од десетина семејства кои го држат економскиот систем како заложник во земјата. Не сакаме да прифатиме повеќе такви земји во ЕУ., смета амбасадорот, одговарајќи на прашањата во интервјуто на „Порталб“.

Франција се уште не го соопштува својот став за тоа дали на Македонија ќе и биде додделен датумот за отпочнување на преговорите на 15, односно на 17 октомври, бидејќи земјата ќе биде „скенирана“ до последен момент.

– Ова прашање останува отворено, како за Франција така и за други земји. Сè уште разговараме. Исто така, сакаме да ѝ дадеме на располагање уште малку време на Северна Македонија за да усвои некои решенија, и ова го очекуваме не само од владејачката партија, туку и од опозицијата. Прашањето за законот за Специјалното обвинителство и начинот на кој земјата ја третира високата корупција останува отворено. Законот е многу важен затоа што има судски предмети кои не се затворени, но се појавија и нови по скандалот Рекет, за што чекаме транспарентна истрага.

Функционирањето на правосудството не е на соодветно ниво и сè уште не е ослободено од канџите на политиката. Наместо партиите да се концентрираат на решавање на проблемите, особено корупцијата, тие се закануваат едни на други. Ова нè става како држава (Франција), но и другите земји, пред една реалност, дека ќе треба да пристапиме на подлабок начин, инаку поставувањето датум би било само формалност.

Па затоа, кога бараме време за да одлучиме за истото, тоа значи дека бараме датумот да има попрво содржина, отколку само форма. Треба да има реален, убедлив и сериозен напредок во областа на правосудството, вели дипломатот.

Наедно наведува и дека земјите од Западен Балкан, според дипломатот, се „културно и историски специфични“ и затоа кон нив треба поинаку да се пристапи.

– Ние ја сметаме Европската Унија за сериозна конструкција на европски вредности и претседателот Макрон се залага, со неговата визија, за продлабочување на оваа европска градба. Ние сме подготвени да се соочиме со прашањето за продлабочување и проширување на истата. Земјите од Западен Балкан се социолошки и историски специфични, па затоа и во однос на проширувањето, ние мора да гледаме преку соодветни модалитети, кои се специфични за овој регион.

Списокот на реформите сè уште останува неисполнет, реформите што требаше да се завршат не се завршени. На пример, законот за тајната служба кој требаше да се донесе со двотретинско мнозинство во Собранието сè уште не е донесен.

Затоа, не треба да бидеме заложници на логиката дека на Северна Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок, само затоа што чекаше долго пред вратите на ЕУ., смета тој.



Можеби ќе ве интересира

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

ТАРАВАРИ: Колку министерства ќе води „Вреди“ е рано да се каже

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

МИЦКОСКИ: Ќе има прегласување во изборната единица 5, очекуваме уште еден пратеник таму

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

MИЦОТАКИС ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jа повикуваме новата претседателка да избегне слични незаконски и провокативни постапки

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

КРМОВ: ДПМНЕ со АПСОЛУТНО мнозинство НЕМА да го раководи Собранието!

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид